02 May Џејсон Колинс е стана првиот активен кошаркар во НБА кој соопшти дека е геј
Американската кошаркарска ѕвезда Џејсон Колинс ја потврди својата хомосексуална ориентација во текст објавен во Спортс Илустретед со што стана првиот активен спортист во четирите најголеми тимски спортови во САД кој е отворено геј.
Колинс, кој досега настапуваше за Вашинготон Визардс и Бостон Селтикс напиша: „Јас сум триесет и четри годишен центар. Црнец сум и геј. Не планирав да бидам првиот активен геј спортист кој настапува во еден од најпопуларните американски спортови. Но, бидејќи сум, со задоволство би зборувал за тоа. Посакувам да не бидам детето во класот кое прво ја крева својата рака за да каже дека е различно. Доколку молчев, веројатно некој друг ќе го направеше тоа. Но, досега никој го нема направено тоа и затоа јас ја кревам мојата рака“.
Колинс досега играл во шест тимови во период од дванеасет сезони. Тој рече дека неговата финална мотивација за “каминг оутот“ била потикната од фактот што не можел да присуствува на геј прајд прадата во Бостон.
„Сфатив дека треба да излезам во јавноста кога Џо Кенеди, мојот стар цимер во Станфорд кој сега е конгресмен на Масачусетс, ми кажа дека бил да маршира на бостонискиот прајд во 2012-та“ – изјави Коллинс. „Вообичаено не сум љубоморен, но кога слушав што направил Џо бев полн со завист. Бев горд што учествувал, но лут што како сриен геј маж не можев да го поддржам мојот стрејт пријател. Доколку некој ме прашаше за мојата сексуалност, ќе одговорев со полувистинити изјави. Штета е да се лаже на прославата на гордоста. Сакам да ги исправам работите и да не се кријам повеќе. Сакам да марширам за толеранција.“
Колинс, изјавил дека се обидел да ги поттисне своите чувства преку врски со жени.
„Кога бев помлад излегував на состаноци со жени. Дури и се верив“- рече тој. „Мислев дека мора за живеан на одреден начин. Мислев дека треба да се оженам и да имам деца. Си велев дека небото е црвено, но секогаш знаев дека е сино“.
Во февруари 2007-та, откако се откажа од понатамошно играње во НБА, Џон Амачи стана првиот поранешен НБА играч кој јавно ја соопшти својата хомосексуална ориентација во неговите мемоари.