29 Apr Албанскиот премиер силно ја поддржува геј заедницата
Албанскиот премиер, Сали Бериша се сретна со локалните геј активисти и ја изрази својата целосна поддршка на ЛГБТ правата во земјата. На првиот состанок од ваков тип, Бериша, кој е припадник на десничарската Демократска партија, ги прими Албанските ЛГБТ активисти Џени Карај и Кристи Пиндери.
Тој е првиот албански премиер кој го има направено тоа, откако пред четири години стана првиот албански политичар кој соопшти дека се залага за истополови бракови по изборите во 2009-та.
За време на состанокот тој ја изрази својата целосна поддршка на ЛГБТ движењето во Албанија велејќи: „Внимателно ги следев вашите акции и мислам дека досега имате одговорено на многу добар начин секој пат кога тоа били потребно“.
Тој додаде: „Важно е да се верува во каузата за која се залагате. Да бидам искрен, ми беше жал кога на почетокот се случуваа дебати за ЛГБТ прашањата и кога никој од заедницата не можеше да се појави во јавноста и да ја брани каузата. Затоа нависина го ценам фактот што вие двајцата се појавивте на телевизија и ги претставивте ЛГБТ прашањата пред јавноста“.
Бериша, исто така, ја осуди декларацијата на заменик-министерот за одбрана Екрем Спахиу кој изјави дека геј луѓето треба да се тепаат со стап. Премиерот изјави: „Ваквата декларација не е прифатлива, не само за заменик-министерот, туку за кој било“, додавајќи дека сите политичари треба без страв да ги изразат своите ставови за ЛГБТ правата.
Двајцата актвисти го прашаа премиерот за неодамна предложените амандмани за казнениот законик кои вклучуваат криминализација на говорот на омраза и намерното малтретирање на ЛГБТ луѓето преку дигиталната технологија.
Бериша рече дека внимателно ги следи процедурите и дискусиите за трите амандмана и додаде дека целосно ги поддржува.
Карај и Пиндери ја потенцираа потребата да се вклучи граѓанскиот сектор во дискусијата на работата на комесарот за анти-дискриминација.
Тие порачаа дека групите за геј права Алеаника ЛГБТ и Про ЛГБТ се незадоволни со работата на комесарот.
Бериша рече дека неговата влада ќе труди да донесе прогресивен закон за антидисркиминација во Албанија.
Премиерот гарантираше дека ЛГБТ правата можат да бидат повеќе политички и видливи преку настани како Тирана Прајд 2013, кој треба да се одржи во септември, и јавните настани за време на Меѓунариодниот ден против хомофобијата на 17-ти мај.