Реакција на Фронт Лајн Дефендерс по повод нападот врз ЛГБТ активистите во Битола

Реакција на Фронт Лајн Дефендерс по повод нападот врз ЛГБТ активистите во Битола

На 20-ти април, активистите за човекови права на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинилизираните заедници“ и асоцијацијата на лезбејки, геј, бисексуалци и трансродни луѓе „ЛГБТ Јунајтед“ беа нападнати од страна на непознати лица во градот Битола додека поставувале постери за подршка на човековите првава на ЛГБТ луѓето и мирно марширале со знамето во боите на винижитото.

 

Нападот се случил пред хостелот Дајмонд, во непосредна близина на Широк Сокак во Битола, каде што се движеле актвистите за човекови права. Тие биле пресретнати од страна на четири непознати лица, на кои подоцна им се придружиле уште тројица напаѓачи. Активистите за човекови права биле навредувани, плукани и удирани по лицата и главите. Постерите им биле одземени, а кога еден од активисите се обидел да го искористи својот телефон да побара помош, телефонот му бил одземен и му било речено дека ќе биде убиен. Нападот бил пријавен во полиција.

 

Откако се случил нападот, на фејсбук профилот на ЛГБТ Јунајтед биле постирани навредливи пораки и закани, вклучувајќи и смртни закани, насочени кон членовите на ЛГБТ Јунајтед кои биле жртви на насилството во Битола. Заканувачките пораки биле со следната содржина: „Ако сте доволно глупави да дојдете повторно во Битола, ќе завршите со искршени коски во болница, а некои ќе завршат на гробишта“, „Убиј ги педерите“ и „Заслужувате да умрете“. На 22-ри април на страницата на една македонска навивачка група биле поставени слики од членовите на ЛГБТ Јунајтед проследени со заканувачки пораки.

 

Фронт Лајн Дефендерс изразува загриженост заради нападите и заканите врз членовите на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Асоцијацијата на лезбејки, геј, бисексуалци и трансродни луѓе „ЛГБТ Јунајтед“. Поради фактот што нивните слики циркулираат проследени со заканувачки пораки, Фронт Лајн Денфендерс се длабоко загрижени за безбедноста на бранителите на човекови права кои се поврзани со овие организации.

 

Фронт Лајн Дефендерс ги повикува македонските власти:

1. Веднаш да направат детална истрага на нападот и смртните закани врз бранителите на човекови права поврзани со Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Асоцијацијата на лезбејки, геј, бисексуалци и трансродни луѓе „ЛГБТ Јунајтед“

 

2. Да преземат неопходни мерки за гаранција на физичкиот и психолошкиот интегритет и безбедност на членовите на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Асоцијацијата на лезбејки, геј, бисексуалци и трансродни луѓе „ЛГБТ Јунајтед“

 

3. Да го осудат нападот и заканите врз бранителите на ЛГБТИ правата и јавно да ја признаат важната улога на целосно ужување на признаените универзални човекови права

 

4. Во сите услови да гарантираат дека бранителите на човекови права во Македонија ќе можат да ги спроведуваат нивните легитимни активности поврзани со човековите права без какви било рестрикции и без страв од агресија.