Над 4000 полицајци ја потпишаа петицијата за подршка на намалувањето на штети

Над 4000 полицајци ја потпишаа петицијата за подршка на намалувањето на штети

Преку 4000 потписи од полицајаци од целиот свет ја потпишаа Изјавата за подршка на намалувањето на штети која ќе биде претставена на состанокот на Комисијата за превенција на криминал и кривична правда при Обединетите Нации на 23-ти април оваа година.

 

Изјавата беше напишана од страна на полицијата и е наменета за полицијата. Таа претставува битна алатка за учење и огромен чекор во признавањето на често потценетата улога на полицијата во превенцијата на ХИВ. Презентацијата на Изјавата е можност за претставување на Меѓународната полициска советничка група пред делегациите на состанокот на Комисијата за превенција на криминал и кривична правда. Исто така, тоа е шанса да се споделат искуствата и знаењето за растечката мрежа на полициајци кои се посветени на ефективни полициски пракси кои ги засегаат клучните популации погодени од ХИВ-от.

 

>Изјавата е потпишана од страна на поранешни и сегашни полицајци како знак за поддршка на политиките и праксите на полцијата при контролата на ХИВ епдетемијата помеѓу загрозените населенија и пошироката популација, намалувањето на шететните влијанија на несоодветната апликација на кривичните и административни закони, стигматизацијата и дискриминација на којс се подложени клучните популациии.

 

Состанокот на Комисијата за превенција на криминал и кривиична правда при Обединетите Нации се одржува од 22-ри до 26-ти Април во Виена.

 

Петицијата може да се потпише на следниов линк.