Северен Кипaр ќе го легализира геј сексот

Северен Кипaр ќе го легализира геј сексот

Хомосексуалноста ќе стане легална во Турската Република Северен Кипар, доколку се усвојат мериките кои ги има предложено Владата на оваа земја.

 

Со новиот амандман, кој беше припремен од страна на Координативниот центар на Врховносто Министерство на Европската Унија ќе се укинат членовите 171, 172 и 173 и поглавјето 154 од крвичниот законик на Северен Кипар со кои се забрануваат истополовите сексуални акти.

 

Европската унија веќе подолго време вршеше притисок врз Северен Кипар да го легализира геј сексот.

 

Во моментот постојат два приговори кои се наоѓаат во процедура во Уставниот суд на Северен Кипар и Европскиот суд за човекови права.

 

Постои мала веројатност правните мерки да не бидат усвоени, а приговорите ќе ја примораат владата на Северен Кипар да го легализира геј секстот.

 

Локалната ЛГБТИ организација Квир Кипар заедно со британскиот Труст за човечко достоинство го доставија случајот до Европскиот суд за човекови права на име на анонимен апликант.

 

Турскиот правник Ончел Полили, кој беше дел од тимот кој го достави случајот до Европскиот суд за човекови права, изјави: „Не е случајност тоа што парламентот на Северен Кипар го спреми предлог законот за укинување на релеватните членови во кривичниот законик веднаш откако беше информиран дека Трустот за човечко достоинство го доставил случајот пред Европскиот суд за човекови права“.

 

Европскиот суд за човекови права ја покани владата на Северен Кипар на писмено да ги достави своите впечатоци за целиот случај. Судот одлучи да го разгледа прашањето за повредата на правото на приватност.