Соопштение за оддржана промоција на публикацијата „Водич за човекови права и граѓански иницијативи на ЛГБТ“

Соопштение за оддржана промоција на публикацијата „Водич за човекови права и граѓански иницијативи на ЛГБТ“

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и ЛГБТ Јунајтед- Македонија денес оддржаа промоција на публикацијата „Водич за човекови права и граѓански иницијативи за правата на ЛГБТ“.

 

Публикацијата беше промовирана од страна на Жарко Трајаноски, автор на публикацијата, Ирена Цветковиќ, координаторка на проектот „Граѓанска иницијатива за правата на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродовите лица“ и Антонио Михајлов, активист од ЛГБТ Јунајтед-Македонија.

 

Ирена Цветковиќ го најави проектот Граѓанска иницијатива за правата на ЛГБТ во чии рамки е публикуван Водичот. Таа најави и кампања за правата на ЛГБТ која ќе се одвива во неколку градови во Македонија, со особен фокус во тетово и Битола. Преку кампњата, како и преку целокупната граѓанска иницијатива Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и ЛГБТ Јунајтед- Македонија ќе ги промовираат следните принципи:

 

– Спречување и заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет

 

– ЛГБТ лицата треба да го уживаат принципот на еднакви можности гарантиран со законот за еднакви можности на жените и мажите според кој сите мажи и жени во сите области од јавниот и приватниот сектор треба да имаат „еднаков статус и третман во остварувањето на сите права и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултатите произлезени од тој развој“.1

 

– Државата, институциите на системот и медиумите треба да се воздржуваат од хомофобичен и трансфобичен говор на омраза и да ги користат сите демократски механизми за спречување и санкционирање на истиот.

 

Жарко Трајаноски, автор на Водичот за човекови права и граѓански иницијативи за правата на ЛГБТ зборуваше за потребата од ваков тип на публикација преку која ЛГБТ заедницата, но и пошироката јавност ќе се запознае со клучните поими и документи за човековите права на лгбт заедницата, државните институции кои се одговорни за заштита на правата на ЛГБТ лицата, како и можностите за покренување на граѓански иницијативи од страна на оваа заедница.

 

Антонио Михајлов, активист од ЛГБТ Јунајтед ги сподели очекувањата на ова здружение од овој водич како и надеж дека луѓето од лгбт заедницата ќе ја користат оваа публикација за препознавање, но и заштита од дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Тој сподели со присутните дека активистите на ЛГБТ Јунајтед во Тетово и во Гостивар веќе ја дисеминираа публикацијата меѓу самата заедница, но и меѓу здруженијата на граѓани и институциите на локлано ниво.

 

Публикацијата „Водич за човекови права и граѓански иницијативи за правата на ЛГБТ“ е издадена од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“.

 

____________________________________

 

1 Член 4, став 1.1 од Законот за еднакви можности на жените и мажите