Шкотските сексуални работници/чки бараат декриминализација на сексуалната работа

Шкотските сексуални работници/чки бараат декриминализација на сексуалната работа

Минатата недела учесниците во кампањата за декриминализација на сексуалната работа во Шкотска излегоа на улиците на Глазгов по повод петдневниот фестивал посветен на секс индустријата.

 

На Отворениот универзитет на сексуалните работници/чки, кој беше дел од овој фестивал, се одржаа јавни дебати за закони и политики кои влијаат врз работата на сексуалните работници/чки.

 

Учесниците на фестивалот покренаа камапања против законите кои ја ограничуваат сексуаланта работа и обидите за криминализирање на мажите кои плаќаат за секс.

 

Пратеничката на работничката партија, Рода Грент, најави усвојување на нов закон со кој купувањето на секс ќе биде криминализирано. Учесниците во кампањата беа присутни пред Шкотскиот конгрес на трговски синдикати во Вест Енд, Глазгов и држеа транспаренти со слоганот „Рода, не ги еродирај нашите права!“.

 

Џеј Леви, докторант на Кембриџ универзитетот, беше еден од говорниците кои требаше да одржи говор на фестивалот минатиот викенд. Леви тврди дека истражувањата на новите закони против проституцијата во Шведска немале никаво влијание врз укинувањето на секс индустријата.

 

„Иако законите се несупешни во одбидот да ги укниат сите нивоа на прпституцијата, стигмата, опасноста и насилството во секс индустријата бележат зголемување, исто како што се зголемуваат и проблемите со властите и здравствените сервсии.

 

Фестивалот е половично подржан од Скот-пеп, хумантитарна организација на сексуалните работници/чки од Едингбург.