„Спремен сум за истополови парнерства“ – вели Дамир Хршак, првиот хрватски геј политичар

„Спремен сум за истополови парнерства“ – вели Дамир Хршак, првиот хрватски геј политичар

Првиот хрватски отворено геј политичар го потврди неговиот коментар за легализирање на истополовите партнерства во земјата. Дамир Хршак, кој неодамна јавно ја соопшти својата хомосексуална ориетација во едно интервју најави и дека ќе се кандидира за пратеничко место во Европскиот Парламент кога Хрватска ќе биде примена во Европската Унијата на 1-ви јули оваа година.

 

Во интервјуто за Јутарњи лист, Хршак изјави: „ЛГБТ популацијата е само една од дискриминираните заедници во Хрватска. Верувам дека заедниците кои се грижат за човековите права и правата на животните ќе ги призанаат моите напори во борбата против дискриминацијата“.

 

Хршак, исто така, зборуваше и за состојбата со хомофобијата во Хрватска.

 

„Многу е подобро, но се уште не е доволно добро. Што се однесува до законот, ситуацијата се поправа, злостортвата мотивирани од омраза се признаени како кривични дела. Но, сепак некои јавни ентитети не ги опфаќа законот“.

 

Хршак вели дека Хрватска ќе биде спремна за геј браковите и за посвојувањето на деца од страна на истополови двојки кога Хрватската работничка партија ќе дојде на власт.

Минатиот мај премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ, ги најави плановите за унапредување на правата на истополовите двојки, но не спомнуваќи ја целосната брачна еднаквост.

 

Новинскиот портал Либела.орг му постави прашање на членот на Работничката партија дали одлуката да стане првиот отворено геј кандидат на парламетарните избори претставува прагматичен потег.

„Како што е со националноста и раста, луѓето немаат друг избор освен да се прифатат себе си како човечки суштества се сиот свој човечки потенцијал или да живеат во страдање и автодеструкција“- одговорил Хршак.

 

„Тоа не е ништо со кое треба да се гордеете или од кое треба да се срамите, Сметам дека претставува моја морална обврска да се борам за сите луѓе да бидат што пошироко прифатени и да бидат повеќе креативни и среќни“ – додаде Хршак.

 

Доколку биде избран како пратеник во Парламетот, Хршак рече дека ќе се залага за подобрување на ситуацијата на хрватските граѓани преку градењето „интезивна, систематска и автентична врска со граѓанскиот сектор“.

 

„За мене хрватското граѓанско општество е многу битно“ – вели тој.

 

За неговиот став за Католичката црква, Хршак рече: „Ќе подржам било какво делување кое е во духот на вистинското Христијанство. Меѓутоа, ќе се спротиставам на црквата кога таа се однесува како мултинационална компанија која продава софистицирани сакраменти и ги заплашува луѓето, дури и децата, со вечно проклетство. Примерите на алчноста и суровоста во историјата на Црквата никогаш нема да можат да го искомпромитираат вистинското Христијаство кое се основа на љубов, слобода и правда. Идејата за љубовта, слободата и правдата се животен стил, а не фрази кои се користат во односите со јавноста“.