Руски неонацист нападна ЛГБТ активист во градот Сиктивкар

Руски неонацист нападна ЛГБТ активист во градот Сиктивкар

Лидерот на ЛГБТ заедницата од рускиот град Сиктивкар беше физички нападнат од страна на неонацистички активист на истиот ден кога администрацијата на градот најави дека нема да дозволи одржување на закажаната парада на гордоста во центарот на градот.

 

Организаторот на прајдот, Артем Калинин, кој е претседавач на локалната ЛГБТ група, минатиот понеделник беше нападнат на улица во моментот кога даваше интервју за локалната телевизија. Алекс Колегов, лидерот на неонацистичката група во Сиктивкар го турнал Калинин на земја и почнал да го тепа откако тој го наркол нацист. Новинарите се обиделе да го тргнат Колегов и го пријавиле случајот во полиција, но Колегов не бил уапсен за нападот.

 

Калилин изјави дека градската ЛГБТ организација ќе го одржи прајдот, кој бил планиран да се одржи за минатата недела без разлика на околностите.

 

„Ниту инцидентот, ниту ветувањето на градските власти да го спречат одржувањето на настанот кое го дадоа како одговор на барањата на верските и јавните организации во градот да не се дозволи промоција на хомосексуални вредности, нема да ја промени мојата одлука“- рече Калинин.

 

Во соопштението на градските власти се вели дека ЛГБТ групата може да го одржи настанот на помалку централна локација, што поделеку од вниманието на јавноста. Во соопштенито, исто така, се вели дека градоначалникот Иван Поздејев побарал од законодавците да изработат предлог закон со кој ќе се забрани одржувањето на слични настани.

 

Законите против про-ЛГБТ пропагандата добија широка подршка во Русија во последниве пет години. Градот Санкт Петерзбург веќе има усвоено таков закон, а сличен е во постапка да биде усвоен на национално ниво. Законите, со кои се забранува „промоцијата на хомосексуалност“ преку било кој медиуми кој е достапен за малолетници, имаат ефект и на забраната на одржувањето на паради на гордоста, но и многу други јавни настани.