28 Mar Здружението Оквир реагира на нападите врз ЛГБТ активистите во Сараево
На 24-ти март, поливина час пред полноќ била нападаната група од седум лица од кои пет претставуваат активисти и активистки на здружението Оквир. Физичкиот напад се случил во зоната на заштитениот објект на Престедателството на Босна и Херцеговина во Сареаево. Непозната група од десет до петнаесет мажи на старост од осумнаесет до дваесет и пет години со скандирање на навредливи пароли како „Убијте ги педерите“ и „Половина странци, половина педери“ ја следела, опколила и физички ја нападнала групата составена од актвисти и активистки на здружението Оквир дофрлувајќи сексистички, ксенофобни и хомофобни кометари за време на нанесувањето на физичките повреди.
По доаѓањето на полицијата, целиот случај бил евидентиран и била поднесена пријава против злосторниците и сега случајот е во надлежност на органите на Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина. За случајот биле известени и Амнести Интернешнал, Советот на Европа, Канцеларијата на високиот претставник во БиХ и ОБСЕ.
Иако насилството врз основа на пол, род и сексуална ориентација е законски санционирано во земјата, во Босна и Херцеговина се почесто се случуваат ваков вид на насилни чинови, почнувајќи од монструзното насилство над тригодишното девојче, ладнокрвното убиство на седумнаесет годишна девојка во Пале и бруталното насилство врз активистите и активиските од граѓанскиот сектор, вклучувајќи го и здружениото Оквир.
Покрај злосторствата мотивирани од омраза над ЛГБТИК лицата, говорот на омраза, вклучувајќи и отворени закани со смрт во јавниот простор, допринесува за маргинализацијата на оваа група на луѓе и го поттикнува ширењето на омразата кон истата група, но истовремено доведува до маргинализација на сите оние кои што се залагаат за слобода и рамоправност. Здружението Оквир порачува дека ја поседува одговорноста индивидуално и колективно да го осуди отвореното кршење и загрозување на основните права и да ја промовира и брани различноста без разлика на родот, полот, класата, расата, националноста, староста и способноста, затоа што сметаат дека сите имаат еднакво право на изразување и уживање во сопствената слобода без страв од насилство, дискриминација и угнетување.
Здружението Оквир се залага за слобода и рамнопраност на сите личности и заедници во Босна и Херцеговина и ги повикува сите граѓани да ја дадат својата подршка и допринос во градењето на слободна и рамноправна Босна и Херцеговина, така што секоја личност без разлика на својот пол, раса, националност или сексуална ориентација ќе ја има слобода на движење и делување и ќе биде рамноправна.