27 Mar Проекција на краткиот документарен филм „Предозираност од осуди“ и дискусија на тема „Стигма и дискриминација на корисниците на дроги“
Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ срдечно Ве поканува на проекцијата на краткиот документарен филм „Предозираност од осуди“ и панел-дискусијата на тема „Стигмата и дискриминацијата на корисниците на дроги“ која ќе се одржи во Клубот на новинари на 31-ви март 2013 (недела) со почеток во 19:30 часот.
Краткиот документарен филм „Предозираност од осуди“ преку искуствата на еден пациент на субституциона терапија, ги разокрива системските недостатоци со кои се соочува оваа група на луѓе во Република Македонија. Филмот е реализиран од страна на тимот за видо застапување на ХОПС- Опции за здрав живот.
Панел -дискусијата ќе биде фокусирана, од една страна, на стигмата на корисниците на дрога во рамките на социјалната средина, а, од друга страна, на дискриминацијата врз корисниците на дрога од страна на институциите на државата. Дискусијата ќе ја водат:
– Жарир Симрин, активист за правата на корисниците на дроги
– Дарко Костовски, психијатар во Центар за лекување зависности и член на ХОПС- Опции за здрав живот
– Мет Саутвел, меѓународен активист за правата на корисниците на дроги и специјалист за дроги. Саутвел работи како технички советник и за ХИВ и дроги, тој е еден од основачите на Голд Стандард Тим, агенција за техничка поддршка специјализирана за организирање на корисниците на дроги и иновација во намалувањето на штети.