25 Mar Суспендиран австриски свештеник поради анти-геј говор на омраза
Aвстриската Римокатоличка црква му забрани на свештеникот Карл Тропер да учествува во службата за време на велигденската миса поради неговите коментари против геј луѓето и Муслиманите. Оваа одлука беше донесена откако седумдесет и пет годишниот свештеник неколку пати беше предупреден да го прекине потикнувањето омраза врз овие две групи на луѓе.
Минатата недела тој ги нарече геј луѓето „хомо-пореметени“, а Исламот го нарече „чист расизам“. Тропер има своја историја во употребата на јазикот на омраза и ЛГБТ популацијата и Муслиманите ги има нарекувано со погрни имиња во голем број на соопштенија за јавноста на неговата црква, се вели во извештајот на дневниот веник Клајне Зајтунг.
Австриската Католичка црква сметаше дека ваквите коментари се должат на неговата старост, но сепак минатиот четврток експлицитно го предупреди да престане со потикнувањето омраза и дека во спротивно ќе биде пензиониран. Тропер ги игнорирал предупредувањата и во интервјуто кое го дал следниот ден во дневниот веник Клајне Цајтунг геј луѓето ги нарекол „перверзњаци“ додавајќи: „Доколку повеќе не можам да го кажам ова, тогаш е подобро да бидам пензиониран“.
Како одговор на ова, гласноговорникот на југоисточната епарија Грац-Секау, Георг Планк, рече дела Тропер користел неприфатливо едноставен и навредлив тон за хомосексуалноста и Исламот. Тој додаде дека тоа не може повеќе да се објаснува преку „тврдоглавоста која доаѓа со староста“ и дека на Тропер му е забрането да ја чиноначелствува со велигденската служба во неговата парохија. Планк, исто така, додаде дека Тропер ќе биде пензиониран на 31-ви август.
Одделот за антидискриминација на австрискта провинција Стрија соопшти дека ќе покрене судски процес против свештеникот.
Клајне Зајтунг, исто така, објави дека претходно имало две поплаки за Тропер подесени до јавниот обвинител во Грац кои биле основани на сомнежот за потикнување омраза – едната била подесена во април минатата година од страна на Пинк Пр’пл Пантер Вимен, а втората била поднесена минатиот февруари од страна на активистот Курт Зерниг.