Канада усвои закон за правата на трансродовите луѓе

Канада усвои закон за правата на трансродовите луѓе

Парламентот на Канада усвои закон со кој се криминализира дискриминавијата врз трансродовите луѓе. Законот беше усвоен со 149 гласови „за“ и со значајна подршка од шестнаесет членови на Конзервативната партија, вклучувајќи и четири министри. 137 пратеници биле „против“.

 

Премиерот Стивен Харпер беше против усвојувањето на законот кој сега ќе треба да помине процедура во Сентатот кој, исто така, треба да го одобри. Министерот за надворешни работи Џон Биард, министерот за финасии Џим Флерти, министерката за труд Лиза Реит и министерот за наследство Џемјс Мур се конзервативците кои го подржаа законот кој беше спонзорираан од страна на Рендал Герисон, член на Новата Демократска Партија.

 

„Новите демократи денеска се горди што придонесоа за гарантирањето на еднаквата заштита според законот за дискриминација и омраза кој се базира на родовата еднаквост“ – изјави Герисон и додаде: „Трансродовите луѓе и транссексуалците претставуваат најмаргинализирани граѓани и често се жртви на малтретирање и насилни акти“.

 

Зборувајќи за законот претходно во месецот, конзервативната парламентарка, Мишел Ремпел, рече: „Двете страни во дебатата треба да се согласат со ставот дека еднаквоста и заштитата од насилство претставуваат основни вредности кои се однесуваат на сите Канаѓани без разлика на родот, старостта и потеклото“.

 

Кратко време пред закажаниот термин за усвојување на законот, парламентарецот Роб Ангдерс започна петиција во името на „илјадници Канаѓани“ против она што тој го наречен „тоалетен закон“.

 

„Овие луѓе веруваат дека Парламетот има должност да ги заштити децата од каква било изложеност и шетата које би произлегла од овозможувањето пристап на мажите во женски тоалети“- рече Андерс.

 

Другите конзервативни парламентарци го спореа законот на други основи, како, на пример, на основа дека педофилите ќе бидат заштитени доколку „ѕиркаат“ во јавните тоалети. Други тврдеа дека трансродовите луѓе веќе се заштитени на основа на полот и попреченоста. Меѓутоа, Канадскиот трибунал за човекови права предложи додавање на експлицитна заштита на транс луѓето велејќи дека тоа ќе промовира прифаќање и ќе прати порака за толеранција.