20 Mar Построги казни за хомофобијата и трансфобијата во ЕУ
Минатата недела Европскиот Парламент усвои необврзувачка резолуција за зајакнувањето на борбата против расизмот, ксенофобијата и кривичните дела потикнати од омраза. Во текстот се повикува Европската комисија да ја додаде и хомофобијата и трансфобијата на листата на говрор на омраза и насилство мотивирано од омраза кои ќе се санкционираат на ниво на Европската Унија.
Уште од усвојувањто на рамковната одлука во 2008-та, Европската Унија предвидува посебни повисоки казни за расистички и ксонофобични кривични дела и говор на омраза. Овие мерки стапија на сила во сите дваесет и седум членки на Унијата и во Хрватска која ќе стане членка на Европската Унија на 1-ви јули оваа година.
Европскиот Парламент ги повтори претходните повици за вклучување на хомофобијата и трансфобијата на листата на основи кои ќе бидат вклучени во следната верзија на Рамковната одлука која треба да се ревидира оваа година.
Резолуцијата е составена од сите шест главни политички групи кои се согласија дека „изблиците на антисемитизам, верска нетолеранција, омраза кон Ромите, хомофибија и трансфобија би требало да се казнуваат според законите на ЕУ“, што претставува барање кое Европскиот Парламент претходно го има направено. Финалниот текст, исто така, повикува Советот на Европа да ја одблокира директивата за анти-дискриминација која во последните пет години беше блокирана од страна на Германија и другите конзервативнии членки на Унијата.
Раул Ромева и Руеда, европски парламентарец и потпретседател на ЛГБТ Интергрупата при Европскиот парламент, изјави: „Лезбејките, гејовите, бисексуалците и трансродовите луѓе се соочуваат со истиот вид на закани и насилство на целата територија на ЕУ. Расистичките и ксенофобичните кривични дела заслужуваат посебни казни, но, исто така, и хомофобичните и трнасфобичните крвични дела, бидејќи тие таргетираат цели групи наместо индивидуалци.“
Софи ин ’т Велд, исто така, потпретседателка на ЛГБТ Интергрупата додаде: „Заедно со Комисијата ги чекаме резлутатите од досега најголемото истражување на животите на ЛГБТ луѓето во ЕУ и Хрватска. Кога резултатите ќе бидат објавени, тогаш останува на Вивиен Рединг да ги трансформира во ефикасна промена на ЕУ политиките. Очекуваме дека одговорите на испитаните 93 000 лица ќе посочат со колку омраза тие се соочуват, омраза која во некои земји е окуражена од политичките и верските лидери“.
Агенцијата за основни права ќе ги објави резултатите од истражувањето на 17-ти мај, датум на кој се одбележува Меѓународниот ден против хомофобијата.