19 Mar Бразилците протестираат против анти-геј расистичкиот пастор кој стана шеф за човекови права
Протестите против Марко Феличано, новоизбраниот челник на Комитетот за човекови права и малцинства при бразилскиот Дом на претставници, се раширија во четириесет и три града во државата. Барањата на протестите кои се одржаа минатите два викенда беа познатиот расист, хомофоб и евагелиски пастор да се повлече од новоназначената позиција.
Феличано, кој беше избран на 7-ми март, се наоѓа под истрага за инцирање говор на омраза и проневера.
Во 2011-та на својот Твитер профил тој напиша дека да се биде геј е „болно“, „навредливо“ и „против вољата на Господ“, додавајќи дека спасот им е достапен во форма на геј „лек“. Тој, исто така, напиша дека Африканците се потомци на претците кои биле проколнати од Ное. Неодамна тој изјави дека СИДА-та претставува „геј рак“ и ги нарече застапниците за ЛГБТ правата „геј диктатура“.
Минатата годнина, тој преку својот Твитер профил му се обрати на Обама, велејќи дека како бразилски конгресмен и во името на Хрситијанската социјална партија длабоко жали за неговиот став во врска со геј браковите. Феличано се бранеше дека неговите коментари биле „библиски“ и дека биле извадени од контекст.
Подоцна тој објави видео во кое обвинуваше дека постои заговор против него од страна на „хомосексуалните милитанти“ и левичарските партии, посебно прозивајќи го Тони Реис, престседателот на АБГЛТ – бразилската национална ЛГБТ организација.
Протести се одржаа во повеќето поголеми градови во Бразил и беа предводени од истакнати ЛГБТ и анти-расистички активисти. Во Сао Паоло, најголемиот град во Бразил, маршираа повеќе од петстони луѓе и го извикуваа слоганот „Феличано, оди си!“.
Другите поголеми протести беа одржани во Рио де Женеиро, Бразилија, Флоранополис, Порто Алегре, Виториа, Форталеза и во Салвадор – и беа предводени од ветеранот во борбата за ЛГБТ права, Луис Мот, претседател и основач на Бахиа геј групата.
Во Куритибе, главниот град на Парана, како и во Бразилија, протестите беа предводени од Реис кој соопшти дека примил смртни закани поради неговата камапања против Феличано.
Реис за Геј Стар Њуз изјави: „Нема да ме демотивираат заканите, мораме да се бориме против зголемниот притисок на анти-геј евангелисткото движење чија моќ постојано расте во бразилскиот политички систем“.
Петицијата на групата АВААЗ која бара повлекување на Феличано досега е потпишана 450 000 илјади лица. Но, Феличано вели дека нема намара да се повлече. Меѓутоа, членовите на бразилскиот конгрес заедно со групите кои се залагаат за почитување на човековите права минатата среда најавија дека ќе основаат нов паралментарен фронт наречен „Одбрана на човековите права“ кој ќе преставува паралелен форум на Комитетот за човекови права и малцинства.