Масачусетс најави нова политика за трансродовите ученици

Масачусетс најави нова политика за трансродовите ученици

Минатиот викенд, Бостон Глоуб пишуваше за најавата на властите во Масачусетс за oбјавувањето на документ од еднаесет страници за правата на трансродовите ученици во основните и средните училишта. Според документот, трансродовите ученици ќе можат да го користат својот родов идентитет при употребата на тоалетите и ќе можат да учествуваат во спортските тимови согласно со својот родов идентитет. Извршниот директор на Асоцијацијата на школски директори на Масачусетс, Том Скот, ги објасни причините за потребата од ваков документ за ова комплицирано прашање: „Мораме да се осигураме дека секој ќе има право да се чувствува пожелен во училиштата. Според тоа насоките во документот се апосолутно императивни“.

 

Насоките повеќе претставуваат преглед на правата на трансродовите ученици, бидејќи властите во земјата сметаат дека секое дете и секој случај е уникатен и заслужува посебно внимание и флексибилност. Доколку еден трансродов ученик се чувствува побезбедно да се пресоблекува за физичко во унисекс соблекувална или во просторијата на медицинската сестра, тоа би требало да им биде удоволено. Според тоа, на трансродовите ученици не смее да им се спречи пристапот во преферираниот тоалет или соблекувална соба поради некомфорноста на друг ученик. Со овие насоки се овозможува широко прифаќање на трансродовите ученици во рамките на училиштата и нетолерантен однос кон дикриминацијата.

 

Овие насоки се добар почеток на дијалогот помеѓу учениците и воспитивачите, како и помеѓу трансродовите ученици и нивните врсници. Со елиминацијата на принципот „не прашувај, не одговарај“ во училиштата, на радозналоста на децата ќе се одговори во момнентот кога ќе дојдат во контакт со ова прашање со надеж дека ќе се создаде група на отворени и социјално свесни млади луѓе. Овие насоки најпрво создаваат безбеден простор за трансродовите ученици да бидат јавно признати и прифатени како такви, со што на нивните врсници им се овозможува пристап до прецизни информации кои ќе им помогнат при прифаќањето и разбирањето, наместо да се навраќаат на погрешните реакционерни сфаќања на трансродовата популација.

 

Ова преставува добар почеток кој придонесува до поголема општествена отвореност и флексибилните стандарди го потврдуваат тврдењето дека „една величина не му оговара на секој“. Способноста да им се пријде на детските потреби во посебни случаи резултира со успех, а основата за ваквите стандари е многу силна. Кога Институтот за семејство на Масачусетс изрази загриженост за безбедноста на машките ученици кои користат женски тоалети, државата реагираше со конзистентно и едногласно тврдење дека „родовиот идентитет е дел од основниот идентитет на личноста“ Ова не преставува филмски летен хит во кој Адам Сендлер се пресоблекува во жена, туку се работи за сексуална ориентација и родов индетитет.

 

Масачусетс отсекогаш бил лидер во реформите во образованието и училиштата очигледно веќе подолго време ги прифаќаат трансродовите ученици на овој начин, со што веќе предничеа во усвојувањето на докуметот. Насоките содржани во документот повеќе преставуваат политички изјави, отколку било што друго. Исто така, Масачусетс е една од тринаесетте држави во САД (вклучувајќи го и Вашингтон Д.Ц.) во кое постои закон за забрана на дискриминацијата во училиштата врз основа на сексуална ориентација и родов индентитет. Но, сепак ова се уште претставува само почеток. Секоја недела се појавуваат нови стории за тешки случаи на дискрминација врз геј и трансродови ученици и наставници во САД.

 

Овие насоки се добар почеток на ниво на една сојузна држава во САД, но потребно е признавање на правата на геј луѓето, лезбејките, бисексуалците и транродовите луѓе на целата територија на САД.

 

Автор: Јордан Ан Јакоби

Извор: http://www.policymic.com/articles/27225/massachusetts-announces-new-policy-on-transgender-schoolchildren