01 Mar Американската асоцијација на социолози вели дека геј бракот и родителството се сосема во ред
Американската асоцијација на социолози (АСА) се прклучи во спорењето на Актот за одбрана на бракот и Предлогот 8 во рамките на Уставниот суд на САД.
АСА ги презентирапе најновите истражувања на истополовите партнерства во рамките на општествените науки, потврдувајќи дека децата на истополви родители имат правилен развој – прашање околу кое најмногу беа загрижени противниците на брачната еднаквост.
Во соопштението за јавност постирано на страницата на организацијата, претседателката на АСА, Сесилија Риџвеј, вели: „Резултатите од нашите истражувања се прецизни. Не постои доказ дека децата од стабилни истополви врски се разликуваат во однос на нивната благосостојба од децата од различнополови врски. Всушност, поголемата стабилност која ја нуди бракот на истополовите и различнополовите бракови е најбитна за благосостојбата на детето“.
Обраќањето на АСА ги побива аргументите на противниците на геј браковите, вклучувајќи ги и републиканските организации Двопартиската група за правно советување, Националната организација за брак, и Американската конфернеција на католички епископи, кои трдеа дека истополовиот брак ќе им наштети на децата и дека на децата „би им било подобро ако имаат и мајка и татко“.
Во обраќањето се вели: „Кога доказите од општествените науки детално ќе се разгледаат како што тоа го направи АСА, фактите демонстрираат дека децата се развиваат добро кога се наоѓаат во семејство на истополови партнери. Неоснованите стравови во врска со истополовото родителство не ги побиваат овие факти и не го оправдуваат усвојувањето на Актот за одбрана на бракот и Предлогот 8“.
Исто така, обраќањето на АСА е битно поради тоа што ја побива фингираната студија за геј родителството на истражувачот Марк Регнерус при Универзитот на Тексас, кој исто така е член на АСА.
Иако студијата на Регнерус беше дискредитирана повеќе пати поради фаличната методологија, таа беше користена во обраќањата на голем број од противиците на брачната еднаквост во спорот во рамките на Уставниот суд.
АСА го побива овој став трдејќи: „Како што консензусот во рамките на општествените науки покажува, децата кои растат во семејства со истополви родители се развиваат исто толку добро како и децата од семејства со различнополови родители, и децата кои растат во семејства со истополови родители ќе имаат поголем бенефит од зголемената стабилност што бракот како институција ќе им ја овозможи на родителите и семејствата“.