Амнести Интернешнaл: Пет стории за човекови права за кои веројатно не сте чуле, а една од нив е од Македонија

Амнести Интернешнaл: Пет стории за човекови права за кои веројатно не сте чуле, а една од нив е од Македонија

Во изминатава година илјадници цивили беа бруталнло убиени за време на судирите во Сирија, граѓаните на Мали беа жртва на ескалацијата на прекршувањата на човековите права, а жените во Авганистан и Пакистан продолжија да страдаат поради тешката дискриминација.

 

Но под радарот, надвор од вниманието на меѓународната заедница, владите и вооружените групи ги прекршуваат правата на мажите, жените и децата во голем број на земји. На списокот на пет стории за човекови права за кои веројатно не сте чуле, составен од Амнести Интернешнал, покрај стории од Боливија, Обединетите Арапски Емирати, Виетнам и Гвинеја-Бисау, се наоѓа и сторија за дискриминацијата на Ромите во Македонија.

 

„Не е лесно да се биде Ром во Македонија. Тоа посебно важи за Ромките за кои ситуацијата е уште потешка, бидејќи се соочуваат со високи нивоа на дискриминација кога се обидуваат да добијат пристап до образование, да најдат работа или да добијат здравствена заштита.

 

Бројот на ромски ученички кое ги напуштаат училиштата е голем. Аменсти Интернешнал верува дека, помеѓу другите нешта, тоа се должи на фактот што стереотипот дека ромските родители не го вреднуваат образованието на девојките е широко присутен во очекувањата на наставниот кадар кои ги имаат од ромските ученици.

 

Властите во Македонија направиле навистина малку за да ја подобрат ситуацијата, меѓународниот притисок доведе само до половични мерки кои никогаш не биле спорведени ефикасно.

 

Во јануари 2013-та, Амнeсти Интернешнал објави извештај за неуспехот на македонската Влада да преземе посебни мерки со кои ќе се гарантираат правата на Ромките. Комитетот за елиминација на дискриминацијата врз жените при ОН моментално ги разгледува своите наоди во врска со ситуацијата во Македонија“- се вели во објавата на Амнести Интернешнaл.