Анти-геј кардиналот Кит О’Брајен се откажа од изборот за папа

Анти-геј кардиналот Кит О’Брајен се откажа од изборот за папа

Најстариот католички лидер во Британија, познат по своите хомофобични ставови и кој минатиот викенд беше пријавен во Ватикан поради историските обвинувања за несоодветно однесување со неколку машки свештеници, се повлече од позицијата на архибискуп на Св. Ендру и Единбург.

 

Минатиот понеделник Шкотската католичка црква соопшти дека папата Бенедикт Шеснаесети ја прифатил оставката на кардиналот Кит О’ Брајан.

 

„Светиот Отец одлучи дека мојата оставка ќе стапи на сила денеска“ – изјави кардиналот О’Брајан.

 

Седумдесет и четири годишниот кардинал повеќе нема да учествува во изборот за наследник на папата, со што ја остава Британија без свој претставник во изборот.

 

Папата Бенедикт Шеснаесети, кој претходно ги нарекуваше геј луѓето „дефект на човековата природа“ официјално се повлекува во четврток.

 

На почетокот на овој месец тој ја најави својата оставка поради влошеното здравје. Во изминативе осум години откога ја презема највисоката позиција во католичката црква, папата Бенедикт следеше строга анти-геј доктрина.

 

Во 2012-та папата предупреди дека со воведувањето на еднаквоста помеѓу браковите ќе се загрозела иднината на човештвото.

 

На крајот на минатата година во својата изјава за Светскиот ден на мирот во 2013-та тој порача дека истополовите бракови се неприродни и дека претставуваат закана за „правдата и мирот“.

 

Кардиналот О’Брајан ја пропушти трандиционаланта саботна миса минатиот викенд откако весникот Обзервер ги објави обвинувањата за делата на кардиналот кои ги направил пред триесет години.

 

Минатиот понеделник во катедралата Св. Марија во Единдург, епископот Стивен Робсон, кој е помошник епископ во Св. Ендру архиепископијата, изјави: „Беа направени поголем број на обвинувања против кардиналот за несоодветно однесување. Тој побара правна помош и во моментот би било несоодветно да се даде коментар. Како што ќе се развива случајот ќе дадеме нови изјави. Како и секогаш во вакви времиња на потреба не смееме да бидеме ожалостени поради настаните кое се случија во изминативе дваесет и четири часа. Во вакви времиња треба да се свртиме кон Севишниот“.

 

Минатиот петок во интервју за шкотското Би-Би-Си, кардиналот О’Брајан рече дека машките свештенци во рамките на Католочката црква би требало да бидат во можност да се женат.

 

Само неколку часа пред Обзервер да ја објави сторијата, кардиналот рече: „Би бил многу среќен доколку другите ја имаа можноста да одлучат дали би сакале да стапат во брак или не. Ова е слободен свет и сметам дека многу свештеници тешко се справуваат со целибатот во рамките на нивиот живот како свештеници и имаат портеба од сопружник, од жена, со која тие би можеле да се венчаат и да изградат семејство.“

 

Минатиот ноември. Кардиналот О’Брајан беше наречен „фанатик на годината“ од страна на добротворна организација за геј права поради неговото спротиставување на брачната еднаквост.

 

Во 2012-та, тој изјави дека истополвите врски се „штетни за физичкото, менталното и духовното здравје“ и ја спореди брачната еднаквост со ропството и злоупотребата на деца. Неговото повлекување беше закажано за следниот месец.

 

Во меѓувреме, минатата сабота Ватикан одби да ги потврди или отфли тврдењата за марежата геј архиереи кои работат во Ватикан за кои се верува дека на некои од нив им биле упатени закани.

 

Минатиот четврток италијанскиот весник Ла Република објави текст во кој се тврди дека одлуката на папата Бенедикт Шеснаесети да се повлече од фукцијата била донесена по објавувањето на извштајот во кој се покажало дека Ватикан се наоѓа под надворешни влијанија, вклучувајќи го и влијанието на „геј лобито“.