A1он: Куќна слава“ на поинаков начин

A1он: Куќна слава“ на поинаков начин

Перформaнсот „Куќна слава“ кој претствува завршна акција од семинарот „Кoнтра- јавност квир активизам, национализам и јавниот простор“ ги анализира односите на јавната сфера и национализмот во Македонија. Како дел од поширок проект кој ги анализира овие односи во него се вклучени организациите од Центар за квир студии (Белград), „Квир Загреб“ (Загреб) и коалицијта за „сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ (Скопје).

 

„Овој перформанс се обудува да ги анализира различните односи на јавнта сфера, национализмот и националистичките културни политики во Македонија како и нивните импликации врз сексуалноста и родовите политики. Притоа посебно критички се осврнува на хетеронормативноста како матрица кој што незабележливо го окупира јавниот простор и го диктира начинот на кој живееме на секој милиметар од јавното живеење“, изјави Славчо Димитров.

 

„Применувме една класична форма на македонска куќна слава, која сите ја сакаме и почитуваме. Сакаме да пласираме една поинаква содржина, еден друг вид на разговори и семејни улоги и релации, така што денеска овој настан ќе биде обид за тоа“, рече Ивана Драгшиќ.

 

Автор: Темјана Поповска

Преземено од: http://a1on.mk/wordpress/archives/104824