Онлајн стриминг на перформансот „Куќна слава“

Онлајн стриминг на перформансот „Куќна слава“

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ во соработка со група македонски уметници и активисти, ве кани да го проследите видео стримингот од реализацијата на перформансот насловен „Куќна слава“ кој ќе се одржи на 20-ти февруари (среда) 2013 со почеток во 15:00, а кој ќе трае до 21:00 часот.

 

Видео стримингот е овозможен од Радио МОФ: http://www.radiomof.mk/performans-kukna-slava/

 

Перформансот „Куќна Слава“ се фокусира на преземање и извртување на концептот на куќна слава или неделен ручек кој е длабоко втемелен во праксата на семејството како социјална институција без разлика дали се работи за оние од традиционален или од “современ“ тип. При преземањетона концептот, учесниците во перформаност ќе се обидат во него да ги вметнат своите вредности и знаења за светот, луѓето, социјалните врски и семејството. Оваа семејна атмосфера на прослава и гледање со блиските во рамките на перформансот ќе помине во знакот на разговори на чувствителни, провокативни, контраверзни или барем поинакви теми.

 

Во улога на соговорници во рамките на перформасот ќе учествуваат Драгана Заревска, Христина Иванова, Велимир Жерновски, Билјана Тануровска, Ирена Цветковиќ, Катерина Колозова, Марија Савовска, Миша Поповиќ, Љупа, Зоки Бејбе, Артан Садику, Славчо Димитров и Жарко Трајаноски.

 

Перформансот претставува завршна акција произлезена од семинарот „КОНТРА-ЈАВНОСТ-квир активизам, национализам и јавниот простор“ кој се одржа во септември 2012 во Скопје и беше организиран од страна на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ во соработка со Квир Загреб (Загреб) и Центарот за квир студии (Белград).