Објавен е февруарскиот број на S-WORK

Објавен е февруарскиот број на S-WORK

СТАР-СТАР го објави новиот февруарскиот број на магазинот S-WORK кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете од линкот подолу во текстот.

 

Во новиот број можете да прочитате:

 

 

 

Животот на една сексуална работничка од Мбабане, Свазиленд:
„Спијам со пет мажи секој ден за да можам да преживеам“

 

Сеќавање на Мерлинка:
Првата позната трансвеститка во Србија, Мерлинка (Вјеран Младеновиќ) своето прво созревање и афримација ги достигнува во Белград во кој се доселува во септември 1977. Прв Србин кој се облекува како жена притоа вклучуваќи се во уличната проституција за да заработи за живот…

 

Sofia St. James:
Софија Сент Џејмс е поранешна стриптизета, сегашен квир фотограф, активист и секс едукатор. Се сретнавме во NE Portland – феминистичка книжарница, постојано зафатената Софија најде време да се сретне со мене, на што јас бев воодушевена..

 

Речник на термини поврзани со сексуалната работа. „Квир“?
Со своето значење на нешто чудно, швркнато, ексцентрично, невообичаено, настрано, чудно, сомнително, овој термин прилично се употребувал именување на геј луѓето.

 

Научно фантастична јавна куќа во Невада:
Дали некогаш те им биле љубоморни на капетанот Џемјс Т. Кирк и на неговите интергалактички битки? Дали со копнеж сте ја гладале Оола, танчерката-робинка на Џаба Хат и се прашувате: „Што ако јас можам да отидам на такво место?“

 

Истражување и податоци за сексуалната работа во светот:
92% до 95% од сексуалните работници ширум светот сакаат да ја напуштат оваа работа, како причина за ваквиот став 99% од испитаниците одговориле дека насилството, неприфаќањето од средината, законските регулативи се негативните страни на оваа работа…

 

Февруарскиот број на магазинот можете да го преземете овде.