Војската на Нов Зеланд маршираше на прајдот во Оукланд

Војската на Нов Зеланд маршираше на прајдот во Оукланд

Десетици илјади луѓе дојдоа на минатонеделниот геј прајд во Оукланд, Нов Зеланд, за да за првпат ги видат униформираните припадници на армијата на Нов Зеланд како маршираат на самиот настан.

 

Ова претставува прв случај Оукланд да биде домаќин на ЛГБТ парада на гордоста по 2001-та кога настанот Парада на Хероите беше прекинат поради недостаток на средства. Оваа година оукландската парада на гордоста ја следеше истата рута како Парадата на хероите проаѓајќи низ улицата Понсонби, а завршувајќи во паркот Викторија со голема јавна забава.

 

На припадниците на ЛГБТ мрежата за подршка на врсници при Одбранбените сили на Нов Зеланд за првпат им беше дадена дозвола да маршираат во своите униформи на ЛГБТ марш на гордоста и тие оваа година беа фаворит на публиката која го проследи маршот.

 

Сту Пирс кој е лидер на вод во воздухопловните сили и зема учество на маршот за Радио Нов Зеланд изјави дека постои сериозна порака која ја испраќа учеството на пардата и покрај карневалската атмосфера што таа ја создава. „Тоа им испраќа силна порака на сите мажи и жени во рамките на Одбранбените сили кои се борат со сопствениот идентитет“ – изјави Пирс и додаде: „тие можеби мислат дека се изолирани и сами“.

 

Членовите на Работничката партија и Партијата на зелените, исто така, маршираа на парадата, вклучуваќи го и заменик-лидерот на Работничката партија, Грант Робертсон.

 

Членот на Партијата на зелените и новозеландски парламетарец, Кевин Хаг кој е отворено геј и членката на Работничката партија Луиза Вол која е отворено лезбејка на маршот беа придружени од страна на амбасадорот на САД во Нов Зеланд Хју Хојбнер и неговиот истополов партнер и од страна на Анди Дерлет носител на титулата Мистер Геј Ворлд и жител на Оукланд.

 

Овогодишната парада беше финасиски поддржана од страна на градскиот совет и градоначалникот на Оукланд Лен Браун кој вети дека настанот ќе се одржи и во 2014-та.