Што може феминизмот да научи од сексуалните работници/чки

Што може феминизмот да научи од сексуалните работници/чки

„Мислам дека сексуалната работа е неверојатно проблематична. Но, од друга страна ги подржувам правата на сексуалните работници/чки – напиша Џил Филипович минатата недела во пост на Феминисте. Нејзината изјава придонесе за ново отварање на дебатата на она што во изминативе години стана тешко прашање: каква треба да биде врската на феминизмот со сексуланата работа?

 

Феминизмот и сексуалната работа се наоѓале во конфликт повеќе пати, од феминистичките протести против огласите на задната страна на Вилиџ Војс (протест со кој голем број на сексуални работници/чки не се согласуваа), до заложбите на Глорија Стејнем против трговијата со луѓе во Индија (заложби кои според некои го игнорираа она што сексуалните работници/чки го бараат). Не е изненадувачки што некои феминисти се во конфликт со сексуалната работа, со оглед на тоа што феминизмот се залага против комодификацијата на женското тело. Но, Моли, сексуална работничка и блогер, вели дека таа продава услуга, а не се продава себе си: „Нема ништо повеќе мизогино од имплицирањето дека се продавам „себе си“ кога јас продавам секс. Јас сум многу повеќе од мојата вагина и што јас правам во креветот, и очекувам феминистите да го разберат тоа“.

 

Таа признава дека не сите сексуални работнички се согласуваат со ова и, навистина, дебатите за статусот на сексуалната работа со оглед на женската сексуалност и автономија веќе долго време се подгреани. Но, тие дебати ќе мораат да им го отстапат местото на попрактични грижи.

 

Како што вели Мелиса Гира Грант, авторка кој често пишува за сексуалната работа: „Ова се важни разговори и тие треба да се случуваат, но морате да разберете дека додека тие разговори се водат, луѓето одат во затвор“.

 

Грант и други застапници велат дека законите кои се против сексуалната работа, вклучувајќи ги и оние кои се фокусираат на лицата кои купуваат секс, им штетат на сексуалните работници/чки. Таа цитира истражување спроведено во Чикаго кое покажува дека законите со кои се таргетираат клиентите имале ефект на драматичното зглоемување на прекршоци на сексуалните работници/чки: „Кога постојат вакви рации врз клиентите, всушност сексуалните работници/чки одат во затвор“.

 

Моли, која работи во Обединето Кралство, вели дека законите против уличната проституција ги прават сексуалните работници/чки понебезбедни: „Работниците кои работат надвор имаат помалку време да им пристапат на клиентите- затоа што тие се нервозни и сакаат што побрзо да завршат работа, имаат помалку време да преговараат за цената, услугата и безбедносните мерки, па затоа мораат да продаваат повеќе секс во помалку безбедни средини, сексуланите работници/чки се делоцираат од познатите локации каде што можат да работат заедно и да се грижат едни за други и се втурнуваат во потемни и помалку фрекфентни улици“.

 

Грант вели дека со уништувањето на условите за работа на сексуалните работници/чки без да им се овозможи алтернативна мрежа на социјална сигурност, всушност им се наштетува на сексуалните работници/чки.

 

Не сите се согласуваат со декриминализација, но сите, а особено феминистите, треба да посветат внимание на тоа како законите против сексуалната работа се рефлектираат на самите работници/чки. Феминизмот се труди да го почитува правото на самодетерминација на жените на нивната работа и нивните тела, и не треба да им кажува како треба да се чувствуваат.

 

 

Некои тврдат дека не сите сексуални работнички слободно ја одбрале својата професија – и секако фемиминистите, и секој кој има совест, треба да се спротистави на присилна сексуална работа (исто како што треба да се спротистават на која била присилна работа). Но, Сиена Башкин, кодиркеторката на Секс Воркерс Проџект при Центарот за урбана правда, вели: „Кај луѓето во секс индустријата имаат голема разноличност на искуствата. Некои се чувствуваат експлотирани од она што им се случило во секс индустријата, а пак некои се чувстувуваат токму спротивно“.

 

Во краен случај, не-сексуланите работници/чки не би требало да препоставуваат што сексуалните работници/чки сакаат или да одлучуваат што нив им треба. Башкин вели дека првиот чекор за феминистите и за секој друг кој ги поддржува сексуалните работници/чки е да ги послушаат луѓето кои имаат животни искуства во секс индустријата и да веруваат во тоа што тие го велат и мислат дека е важно.“

 

Во минатото феминизмот се има најдено во невоља кога се обидувал да зборува за (или просто да ги игнорира) маргинализираните жени, наместо да ги послуша кога тие зборуваат за себе. Грант нуди еден пример: „Научив како да го критикувам женското движење гледајќи како црните жени го критикуваа истото“.

 

Движењето, исто така, може да научи од своите грешки, и неговото потенцирање на третирањето на жените како субјекти повеќе отколку објекти би можело да биде неговата силна страна. Лаура Муреј, режисерката на Бакнеж за Габриела (документарен филм за сексуална работничка и активистка кој се кандидираше за конгресмен во Бразил), вели дека сите би требало да ги препознаат сексуалните рабтници/чки како „протагонисти во сопствените животи“. Премногу често не-сексуалните работници/чки ги препознаваат на сексуалните работници/чки како „жртви кои немааат контрола над сопствените животи“ или како „целосно неодговорни и изгубени“. Но, ниту едниот ниту другиот поглед се прецизни и за да може да се разбере што на нив им е потребно, феминистите и сите останати треба да слушат што всушност сексуалните работници/чки бараат.

 

Тие можат да почнат да ги слушаат гласовите од средината (во некои случаи тие и го прават тоа, како што тоа го направи Филиповиќ кога реферираше на текстови од сексуалните работници/чки и застапниците на нивните права во својот пост. Моли вели:„Ние не сме непријатели. Ние не сме ни различни – ние веќе сме дел од феминизмот, без разлика дали сме сексуални работници/чки или не“.

 

Автор: Ана Норт

Извор: http://www.buzzfeed.com/