Потребен е нов пристап во „војната против дрогите“

Потребен е нов пристап во „војната против дрогите“

Минатата недела колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави дека „војната против дрогите“ мора да се преиспита.

 

„Нашата земја ја потврдува посветеноста да се бори нелегалната продажба на дроги и последиците кои следуваат од неа исто како што и досега сме се бореле – со повеќе средства, со повеќе труд и со поголеми резултати од која било земја во светот“ – рече Сантос.

 

„Посветеноста и резултатите ни овозможуваат морално право да инсистираме на потребата да се преиспита таканаречената „војна пртов дрогите“ која започна пред повеќе од четири децении и не ги постигна своите цели“ – изјави претседателот пред дипломатскиот кор во Богота.

 

Искрените изјави на Сантос во врска со „војата против дрогите“ го повторуваат ставот на поранешниот претседател на САД, Џими Картер, кој смета дека „проблемот со дрогите“ треба да се третира како здравствено прашање.

 

Сантос се повика на студија која ја спорведува Организацијата на американските држави (ОЕА), велејќи дека кога студијата ќе биде готова, владата ќе ги оцени и имплеметира предложените нови начини за справување со проблемот.

 

Колумбискиот претседател, исто така, ги повика европските нации поактивно да се вклучат во таканаречената „војна“ велејќи дека владите мораат да бидат поотворени во пронаоѓањето на решенија со кои ќе сопре младината да биде жртва на нелегалниот бизнис кој промовира и финасира насилство и тероризам во целиот свет.

 

Извор: Колубија Репортс