Здружението ЛГБТ ја осудува промоцијата на комедијата „Умри мушки“

Здружението ЛГБТ ја осудува промоцијата на комедијата „Умри мушки“

Здружението ЛГБТ Јунајтед (здружение на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансродни лица) остро го осудува начинот на кој се промовира настанот „Умри мушки-стенд ап комедија“, (http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=4zccZmkDgTE) кој треба да се одржи на 2 февруари 2013, поради јасно изразените хомофобични намери во карикирање и свесно омаловажување на ЛГБТ лицата.

 

„Овој начин на промовирање настан навредува една од најмаргинализираните заедници во Македонија. Ние како организација сме загрижени за последиците кои би произлегле од овој настан доколку се одржи, и не загрижува фактот дека и покрај тоа што овој ден не е воопшто поврзан со хомосексуалноста, тој во нашата земја сѐ уште се користи како ден на пропагирање и ширење на хомофобијата“, се вели во реакцијата на Здружението.

 
Уште позагрижувачки, според нив, е и фактот дека тоа се случува на една културна манифестација, која има сигурно влијание врз населението при моделирањето на ставовите и размислувањата поврзани со ЛГБТ лицата.

 
Затоа, како организација на ЛГБТ лицата, тие бараат реакција од сите надлежни институции и објаснување од организаторите на овој настан.

 

Извор: Плусинфо