24 Jan Родовиот идентитет влезе во португалскиот кривичен закон
Португалскиот парламент ја усвои ревизијата на кривичниот закон со кој конечно се внесува „родовиот идентитет“ како дискриминативна категорија која бара посебно внимание во рамките на правниот систем.
Во Португалија во минатото имало регистрирано злосторства од омраза врз трансродовите луѓе, а најпознатиот случај беше смрта на Џисберта Салсе Јуниор во 2006-та. Меѓутоа, родовиот идентитет досега не бил вклучен во кривичниот закон.
Покрај „сексуална ориентација“, терминот „родов индентитет“ бил додаден во членовите поврзани со убиство и напад, со тоа што таквите кривични дела ќе се третираат посебно внимание и ќе следуваат построги казни во случаи во кои мотивацијата за делата се основа на сексуална ориентација или родовиот идентитет на жртвата.
Вклучувањето на родовиот индентитет во кривичниот закон претставува долготрајно барање на ИЛГА Португалија заедно со вклучувањето на истата категорија во членот за труд и членот 13 (Принципот на еднаквост) во рамките на уставот на земјата, заедно со заштитата од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во пристапот кон сервиси, образование, здравствена и социјална заштита.
Овој додаток во кривичниот закон беше одобрено едногласно по предлогот на Социјалистичката партија во Португалија. ИЛГА Европа се надева дека признавањето на особената ранливост на трансродовите лица ќе биде проширена и на останатиот правен систем преку широката подршка на разни полтички сили. Тие ја поздравуваат оваа историска одлука на португалските власти и ќе продолжат да работат на целосното признавање и заштита на трансродовите лица.