16 Jan Клучна пресуда во Стразбур: Верските убедувања не се причина за кршење на правата на истополовите парови
Вчера Европскиот суд за човекови права пресуди дека верските убедувања не можат да го оправдаат кршењето на правата на истополвите парови. Британските закони со кои се забранува дискриминацијата беа земени предвид при донесувањето на одлуката.
Судот во Стразбур разгледа четири случаи поднесени од страна на христијани, вклучувајќи и два во кои се тврдеше дека нивните верувањата им дозволувале да одбијат да услужат истополови парови.
Во првиот случај, Лилијан Ладел, која била граѓански регистратор од Лондон, била отпуштена од работата поради тоа што одбила да учествува на венчавка на истополови парови откако тоа станало легално во 2005-та. Таа тврдела дека била дискриминирана поради нејзината вера.
Судот донесе одлука дека не се случила дикриминација и дека британските судови, кое го разгледале нејзиниот случај, направиле правилен баланс помеѓу нејзинато право на верска слобода и правата на истополовите парови според кои се заштитени од дискриминација.
Во вториот случај, Гери МекФарлан, кој бил совеник кој на парови им нудел психо-сексуална терапија, бил отпуштен од работата, бидејќи одбивал да работи со истополови парови тврдејќи дека тоа не е во согласност со неговите верувања. Судот донесе едногласна одлука дека не се работи за прекршување на неговата верска слобода.
Коментирајќи ги пресудите, европарламетарката Сови ин’т Велд, која е и потпретседателка на ЛГБТ Интергрупата при Европскиот Парламент изјави: „Со оваа пресуда судот покажа дека верската слобода е индивидуално право. Тоа не претставува колективно право кое овозможува дискриминација на ЛГБТ лицата, жените и лицата со поинаква вера или животен став. Верската слобода не овозможува исклучоци во рамките на правото. Судот покажа дека принципот на еднаквоста и еднаквиот третман не може да биде заобиколен со едноставна верска референца“.
Европарламентарецот Мајкл Кешман, кој е, исто така, е ко-претстедател на ЛГБТ Интергрупата, додаде: „Британскато право ги заштитува ЛГБТ лицата од дискриминација, и не постои исклучок за верниците. Религијата и верувањата се длабоко приватни и лични, и никогаш не би требало да бидат искористени за прекршувањата на правата на другите.
Во следните три месеца тужителите можат да поднесат жалба на одлуката на судот.