Фемен одржа протест во Ватикан

Фемен одржа протест во Ватикан

Активистките од феминистичкото движење Фемен приредија топлес протест за подршка на геј правата на плоштадот Св. Петар во Ватикан за време на читањето на својот благослов од страна на Папата. Четири жени го имаа испашано слоганот “In Gay We Trust” на нивните тела и извикуваа „Хомофоби, замолчете!“ во моментот кога Понтифексот започна да и се обраќа на публиката. Една жена од публиката започна да ги удира активистките со својот чадор нарекувајќи ги „ѓаволски службенички“.

 

Активиските беа отстранети од плоштадот и кратко задржани од страна на ватиканската полиција.

 

Протестот на активиските на украинската феминистичка група се случува во исто време кога се случуват демонстрации на улиците во Париз против планот на претседателод Франсоа Оланд со кој ќе се лагализираат истополовите бракови. Со законот се предвидува истополовите парови да бидат во можност и да посвојуваат деца.

 

Во меѓувреме, минатата недела Ватикан го повтори своето несогласување со правато на посвојување и го осуди протестот на Фемен.

 

Порпаролот на Ватикан, Л’Осерваторе Романо, објави одговор на одбивањето од страна на италијанскиот суд на жалбата на татко кој бил загрижен дека неговиот син нема да имал баласиран развој доколку тој живеел со неговата мајка и нејзината партнерка.

 

Католичката црква се повика на колумната на Андарио Песина, директорот на институтот за биоетика при Католичкиот Универзитет на Светото Срце во која се вели дека моногамното семејство е идеално место за учење на значењето на човечките врски и претставува средина каде што е можна најдобрата форма за равој.