Хрватската ЛГБТ заедница порача: „Ниту една верска или семејна традиција нема да ја запре промената“

Хрватската ЛГБТ заедница порача: „Ниту една верска или семејна традиција нема да ја запре промената“

 

Пред загрепската катедрала денеска во 15 часот се собраа околу сто и педесетина активисти и подржувачи на Загреб Прајд на протест со наслов „Љуби го свој ближен пред Катедралата“. За време на едночасовниот собир, присутните изразија незадоволство од повеќенеделната хајка на католичката црква, која затскриена зад критиката на здравственото образование, јавно ја навредуваше ЛГБТ заедницата.

 

Собирот, како што и беше најавено, помина достоинствено и без провокации на присутните квир учесници, „Бидете храбри, бидете гласни, бидете горди. Ова денсека претставува плоштад кој не исклучува никој. Ова е плоштад од кој сите ќе ве чујат. Овој плоштад денеска ги претставува наши четири ѕида“ – ова беа зборовите со кои започна протестот, со предупредување да не се наседнува на провокациите кои доаѓаат од другата страна на полицискиот кордон. Главната цел на протестот беше да се пренесе порака за љубовта, порака која католичките свештеници одамна ја имаат заборавено.

 

„Кардинале Бозаниќ, доколку не слушаш, дојдовме во твојот двор за да те потсетиме на зборовите на Исус Христос: „Сакајте се еден со друг, како што јас ве сакав вас“ – истакнаа активистите. Како што наведоа во официјалниот говор на протестот, ова претставува прв случај на овој плоштад да се одржи ЛГБТ собир на кој е истакната потребата за еднаквост. „Ниту една верска или таканаречена семејна традиција не може да ја запре промената. Промена кој најавува дека наскоро ќе бидеме слободни и рамноправни граѓани и граѓанки на оваа земја“- беше заклучокот на собирот.

 

Загреб Прајд истакна дека и понатака бескомпромисно ќе се залага, ќе бара и ќе се бори за целосна еднаквост на луѓето, достоинството и заштитата на човековите и граѓанските права – како на ЛГБТИК лицата, така и на сите заборавени и понижени кои од тој рид изразија подршка и покажаа солидарност.

 

 

 

 

Успешиот собир расипан од страна на контра-протестанти

 

Иако својот собир не го најавиле во полиција, во организација на ХВИДРА околу четиристотини граѓани, во голем процент беа средовечни и малолетни мажи, се собраа пред катедралата. Врз групата предводена од Загреб Прајд беа фрлани јајца и догорчиња проследено со скандирање со подигната десна рака. Пред завршувањето на собирот дел од контра-протестантите се одалечиле од местото на настанот, наверојатно во споредните улички. Во исто време полицијата ги пренела ЛГБТ лицата и подржувачите на протестот на сигурно место. Помеѓу прсутните на протестот имало незадоволство зошто полицијата не реагирала на контра-протестанитете.

 

Извор: queer.hr