11 Jan Прва пресуда во тежок случај на дискриминација на работното место врз основа на сексуална ориентација во Србија
Геј Стрејт Алијансата (ГСА) информира дека нејзината правна служба ја доби конечната пресуда на Апелациониот суд на градот Нови Сад кој го потврди дисриминативното однесување и тешкиот случај на дискриминација врз М.А. (25) од српскиот град Вршац од страна на неговиот колега Дарио К. (26) од Влајковац (место кое се наоѓа во близина на Вршац). Дискриминацијата се случувала на работното место во текот на неколку месеци во приватно претпријатие во Вршац каде што двете лица работеле.
Ова е првиот случај во Србија во кој конечната пресуда е испорачана врз основа законот за антидискримација кој се однесува на дисриминација на работното место врз основа на сексуална ориентација. Правната служба на Геј Стрејт Алијансата, која го застапуваше М.А., уште од април 2011-та го водеше случајот против Дарио К.. Во конечната пресуда, Апелациониот суд на Дарио К. му одреди да му на М.А. оштета сто и осумдесет илјади српски динари за психичкото страдање предизвикано од прекршувањата на заштитата на личноста и правата на приватност, репутација и чест. Тој, исто така, треба да ги плати судските трошоци на правната служба на ГСА во висина од сто илјади српски динари.
М.А. го пријави случајот во ГСА во март 2011-та во кој неговиот колега Дарио К. подолго време го навредувал и му се заканувал дури и со физичко насилство. Ваквото однесување започнало откако без негово знаење тој му го земал мобилниот телефон на М.А. и му ги читал пораките, по што дознал за неговата хомосексуална ориентација. Потоа Дарио К. започнал да му се заканува со зборовите „Педериште, ми се гади од тебе“, „Одвратен си, треба да бидеш ставен на клада“ и „Треба да бидеш убиен“, и му се заканувал дека ќе го убие доколку го пријави во полиција или ако го тужи. М.А. тврдел дека Дарио К. бил физички насилен во неколку случаи. Поради ваквото однесување на својот колега, М.А. бил приморан да бара и медицинска помош.
Апелациониот суд донесе одлука во која се вели дека обвинетиот Дарио К. се однесувал дискриминаторски кон М.А. поради неговата хомосексуална ориентација и бидејќи го повторувал ова дело во текот на шестмесечен период со тоа сторил тешка дисриминација. Пресудата се основа на членовите 12, 13 и 21 од законот за антидискриминација, и Апелациониот суд соопшти дека имало и прекршувања на членовите 21, 23 и 25 од српскиот Устав со кои се забранува дисриминација на која било основа и се гарантира правото на човечко достоинство и ментален интегритет.
Во објаснувањето на конечната пресуда, помеѓу другите нешта, Апелациониот суд вели дека не постои сомеж дека зборот каков што е „педер“ е израз кој во српскиот јазик има негативно, потценувачко, понижуивачко и навредливо значење за мажите кои имаат хомосексуална ориентација и дека неговата употреба претставува акт на нарушување и понижување кој има цел да загрози одредена личност и кршење на дигнитетот основан на личните карактеристики – хомосексуална ориентација. Од фактот што по дознавањето на сексуаланата ориентација на М.А., обвинетиот често го навредувал во текот на подолг период, Апелациониот суд донел одлука во која таквото однесување претставува повторена и продолжена дискриминација, односно случај на тешка дисриминација.
За жал, првата пресуда на Основниот суд во Вршац не беше во полза на М.А., затоа што ја отфрлил тужбата за одредувањето на дискриминаторското однесување на Дарио, К. и надоместот за нематеријална штета. Меѓутоа, правната служба на ГСА подесе жалба до Апелациониот суд во Нови Сад, по што комитетот на судии утврди дека одлуката на Основниот суд во Вршац била донесена со грешна апликација на материјалното право и побарал конечна пресуда на основа на достапните докази.
ГСА е екстремно задоволна од конечната пресуда на Апелациониот суд во Нови Сад и релативната брзина на процесот, како и со објаснувањето на неговата пресуда и фактот што Апелациониот суд не го вратил случајот на повторно судење, што претставува вообичаена пракса, туку го искористил своето право да донесе конечна пресуда.
Во разговор со ГСА, М.А. изјави дека е задоволен со пресудата, поради тоа што, како што вели тој, го заштитил своето достоинство. Помеѓу другите нешта, тој изјави:
„Се обидувам да работам вредно и мојата сексуална ориентација не влијае на моите работни резултати. Како и сите други луѓе, сметам дека добрата работна атмосфера е многу битна, но наместо тоа, јас бев злоставуван и бев во депресија поради секојдневното понижување. Беше навистина тешко, но сфатив дека не треба да стрдам затоа што немам направено ништо погрешно. Дојдов во ГСА и поднесовме тужба. Сакав Државата да ме заштити, да покже дека е заинтересирана да ме заштити. Задоволен сум од конечната пресуда, затоа што потврди дека постапив правилно, но првичната пресуда ме разочара. Откако помислив дека нема правда, не се откажав и продолжив да се борам и конечно правдата пристигна.