10 Jan Истражување покажа дека геј луѓето се поприфатени во Сингапур
Истражувањето, кое беше објавено минатиот месец, покажа дека жителите на Сингапур станале потолерантни кон геј луѓето во периодот помеѓу 2005-та и 2010-та.
Студијата, објавена во Азиското списание за социјална психологија, покажа дека 64,5 проценти од испитаниците имале негативни ставови за хомосексуалците во 2010-та, за разлика од 68, 6 проценти од испитаниците во 2005-та. Исто така, студијата покажа дека процентот од испитаниците со позитивни ставови за геј луѓето пораснал од 22,5 проценти во 2005-та на 25,3 проценти во 2010-та.
„Резултатите покажуваат мало, но сепак значајно зголемување на толеранцијата кон хомосексуалците од страна на граѓаните на Сингапур“ – изјави професорот Бенјамин Детенбер од Технолошкиот универзитет Нанјанг кој го предводеше истражувањето.
Деветсто педесет и осумте испитаници биле национално репрезентативни субјекти и оние со повисоко образовние биле повеќе отворени и биле потолерантни кон геј лицата, а оние кое биле постари и со пониско ниво на приходи имале пониско ниво на толеранција.
Исто така, студијата покажа дека прикажувањето на геј ликови на телевизија предизвикува помалку негативни ставови и поголемо прифаќање и покрај медиумската цензура во Сингапур со која се забранувааат содржини кои „го оправдуваат, го промовираат или го гламуларизираат“ геј начиот на живот.
Како што се повеќе жители на Сингапур доаѓаат во контакт со геј луѓе и со пошироката достапност на филмови и телевизиски програми со геј карактери на кабловската телевизија, локалните кина и Интернетот, се чини со текот на времето дека ќе има значајна промена на ставовите за гејевите и лезбејките – изјави д-р Ширли Хо, која учествуваше во истражувањето.
Тимот на Ви Ким Ви школата за комуникација при Технолошкиот универзитет Ненјанг планира да спроведе уште една студија за истиот проблем во 2015-та за да понатаму ја следи промената на ставовите.