Христијани за поддршка на геј бракот во Велика Британија

Христијани за поддршка на геј бракот во Велика Британија

Во Велика Британија се формираше нова христијанска група за поддршка на геј бракот со цел да зборува во името на Христијаните кои ги поддржувааат плановите на британската влада.

 

Христијатинте за брачна еднаквост во Велика Британија веруваат дека и покрај отпорот на Црквата не е невозможно Христијаните да ги подржат геј правата и истополовите бракови.

 

„Голем број на Христијани ја отфрлаат долгогодишната традиционална позиција на Црквата преку која се смета дека баркот е само за хетеросексуалните двојки“ – објасни основачот на групата, Нејтан Хартли.

 

„Всушност на Црквата и требаше долго време да прифати дека кој било кој не е хетеросексуалец е еднаков во очите на Бога и исто толку битен како и која било друга личност. Минатата година сфатив дека е потребно да се формира нова христијанска група која ќе се спортистави на овој традиционален став кога мнозиството на црковни лидери тврдеа дека зборуваат во името на сите нас кога ги изразуваат ставовите во врска со сексот и сексуалноста, кога вусшност тоа не е така“.

 

Голем број на Христијани имаат силно верување дека Библијата се противи на геј врските, а повеќето конзервативни Христијани генерално се противат на хомосексуалноста.

 

Ко-основачот на групата, Тиги Сагар, не го дели овој став, туку вели дека, додека Христијаните за брачна еднаквост на Велка Британија ќе понудат информации за различни начини на читање на Библијата, тие нема да го користат светото писмо како инструмент за дебата.

 

Сагар изјави: „Премногу често Христијаните ја користат Библијата како орудие за време на теолошките дебати потенцирајќи некои делови за сметка на други. Многуте неслогласувања во историјата на Црквата во последните два милениума биле решавани со коритење на Библијата. Тоа не претставува наша намера. Ние не сакаме дополнително да вршиме поделби во Црквата, туку ние сакаме да изразиме став за кои другите веруваат дека не е слушнат“.

 

Групата верува дека на моменталната забрана на геј бракот во иднината ќе биде гледано со истиот презир со каков што денекса се гледаат предрасудите против меѓурасните врски.