Полицијата ги злоупотребува на сексуални работници

Полицијата ги злоупотребува на сексуални работници

Булавајо, Зимбабве -За Пети која е сексаулна работничка, кога поаѓа на работа секоја вечер најголемиот страв преставува сретнувањето со полицијата. Тоа повеќе ја плаши дури и од заразата со ХИВ вирусот кој предизвикува СИДА.

Во земјата која има највисока стапка на ХИВ инфицирани во светот, сексуалните работници се третирани како луѓе кои се под најголем ризик да се заразат со вирусот, но Пети (што не преставува нејзино вистинско име) инсистира дека полицијата е нејзиниот најголем кошмар и закана по нејзиниот живот.

Пети тврди дека кога полицијата ќе ги приведе, често од нив пара поткуп и отворено бара сексуални услуги доколку сакаат да бидат ослободени.

И покрај тоа што сексуалната работа е нелегална, Пети верува дека полицијата употребува прекумерна сила, велејќи дека и дамите на ноќта заслужуваат хуман третман.

Законот во Зимбабве пропишува дека осомничениот криминалец може да биде задржан во притвор максимално два дена пред да биде изнесен пред суд. Меѓутоа, полицијата ги задржува притворените и повеќе од два дена, доколку добие дозвола од судот и доколку е потребна продолжена истрага по докази за случајот.