02 Jan Седум истополови бракови го одбележаа почетокот на новата година во Мериленд
Со свадбени ѕвона седум геј двојки ја дочекаа новата година со што и беше одбележан првиот бран на истополови бракови откако гласачите во Мериленд гласаа за легализација на истите. Церемонијата се случи само половина час по полноќ во градскиот дом во Балтимор.
Градоначалничката на Балтимор, Стефани Роулингс-Блејк, го спроведе венчањето на првиот пар шеесет и осум годишиот Џејмс Скејлс и шеесет годишниот Вилјам Таскер. Парот живеел заедно триесет и пет години. Градоначалничката се шегуваше дека сите дошле да ја прослават врската која започнала пред многу години – „и навистина мислам пред многу, многу години“. Набрзо по легализирањето на геј бракот, Скејлс, кој е долгогодишен службеник во градската администрација, ја замолил градоначалничката да го венча со негвиот партнер.
Иан Бренан, секретарот за односи со јавноста на градоначалничката, рече дека таа сакала да им покаже на сите геј, лезбејски и трансродови парови дека се добродојдени во Мериленд.
Гласачите во Мериленд, Мејн и Вашингтон ги легализираа истополовите заедници со што станаа единствените држави кои усвоиле ваква одлука на референдум. Девет од пеесете држави во САД досега го имаат легализирано геј бракот. Триесет и една имаат усвоено уставни амадмани со кои тој се забранува.
Референдумот кој се случи на шести ноември минатата година, Ролингс-Блејк го нарече „извореден напредок за Мериленд“ и ги покани пријателите и семејствата на паровите да бидат сведоци на историскиот момент кој се случуваше на утринската церемонија. „Возбудени сме што градскиот дом ќе биде домаќин на првите брачни церемонии во нашата голема држава“ изјави таа.
Јавното мислење во САД постепено се менуваше во полза на дозволувањето на истополовите бракови. Според истражувањето на Pew Research Center спроведено минатиот октомври, 49 отсто од Американците се за дозволување на истополови бракови, а 40 отсто против. Минатиот мај Барак Обама стана првиот претседател на САД кој изјавил дека верува дека на истополвите двојки треба да им се дозволи да стапат во брак.
Врховниод суд на САД се согласи да разгледа две преставки на федералните и државните закони кои го дефинираат бракот како заедница помеѓу маж и жена. Највисиокиот суд во земјата соопшти дека ќе го разгледа случајот против федералниот закон, според кој на истополовите двојки не им се овозможени истите бенефиции кои ги имаат хетеросексуалните двојки. Исто така, судот ќе ја разгледа и преставката на забраната на геј бракот во Калифорнија, позната како Proposition 8, која гласачите ја одобрија во 2008-та.
Државниот закон во Вашингтон со кој се легализираат истополовите заедници стапи на сила на девети декември, а во Мејн на дваесет и девети.