30 Dec Во Истанбул нападнат турски геј моден дизајнер
Застапниците на геј правата во Турција го осудија нападот на геј модниот дизјанер Барбарос Шасал.
Настанот се случил минатиот четврток во главниот град на Турција. Г-динот Шасал постираше слики од своите повреди на Твитер.
Во својот твитер пост тој напиша: „Ми се закануваа и ме нападнаа поради политички причини рано наутро во 4:50 часот. Помрачени умови, ќе платите голема цена за ова. Ми кажаа дека ќе платам со животот за моите текстови и изјави. Јас сум само една душа, но што ќе кажат милиони луѓе за ова?“
Неколку недели порано, Г-инот Шансал ги бранеше геј правата во интервју кое го даде на турскиот веник Sözcü.
Во интервјуто, тој исто така изјави дека бил измачуван и силуван од страна на турската полиција за време на државниот удар во Турција во осумдесетите години на дваесетиот век.
Според Амести Интернешнал, правата на ЛГБТ лицата се уште не се осигурани според турските закони. Геј лицата редовно се отпуштаат од воените сили на земјата. До денеска во Турција е направен минимален прогрес на поле на спречување на насилство врз жени и трансродови лица.