23 Dec Во вторник се отвара четвртото издание ФРИК Фестивал
Четвртото издание на ФРИК ФЕСТИВАЛ ќе се оддржи на 25-ти и 26-ти декември година во Скопје. Во рамките на ова издание својата светска премиера ќа ја има долгометражниот документарен филм МЕТРОПОЛИС (САД) во Кинотека на Македонија на 25-ти декември со почеток во 20 часот. Вечерта ќе биде придружена со интернационална селекција на видеоарт и експериментален филм во галеријата на кинотеката. Фестивалот е организиран од страна на ФРИК БАНДА.
МЕТРОПОЛИС е филм што или ќе ја промени вашата замисла за урбаната реалност ќе ве потсети на итноста со која мора да донесеме конечен избор: да продолжиме по оваа патека или засекогаш да ја напуштиме. Филмот е во продукција на Tides of flame и ги анализира превозниот систем, водоводната мрежа, увозот на храна и електричната мрежа. Го открива внатрешното функционирање на четирите главни корпорации, детално ја образложува хиерархијата на државата и, воедно, ja истражува секојдневната комуникација меѓу луѓето што се случува низ улиците на градот. Филмската програма на фестивалот е поддржана од министерството за култура на Република Македонија.
Следниот ден, среда 26-ти декември во Кино Фросина со почеток од 20 часот гостува извонредната претстава: „Кабаре, Зад огледалото“ во продукција на РЕКС центарот и СЛОБОДА ПРАВА од Белград, Србија по што ќе следи прослава со музички избор на Славјан Стварно Стојанов.
„Кабаре: Зад огледалото“ е иницијатива родена во зимата, 2011 година, од група на трансродови сексуални работници од Белград. Уникатна е по тоа што не ја дефинира формата или медиумот, по тоа што ги поврзува уметниците и сексуалните работници во опишувањето на социјалните, политичките и правните рамки, кои влијаат на општествениот статус и на животот на оваа маргинализирана група и, конечно, по тоа што бара од јавноста да се вклучи во поширока расправа за прашањата поврзани со човековите права. Гостувањето на претставата е поддржано од фондацијата Отворено општество Македонија.