МСМ популацијата на удар на ХИВ вирусот

МСМ популацијата на удар на ХИВ вирусот

„За да се намали бројот на случаи на ХИВ инфицирани во Филипини, владата на земјата мора да ги фокусира своите напори на МСМ (мажи кои имаат секс со мажи) секторот“ – тврди претставникикот на Фондот за популации на Обединетите нации (УНФПА),.

Угоши Даниелс, преставникот на УНФПА во земјата, изјави дека владата и приватните здравствени единици мора да дејствуваат брзо при помошта на ХИВ пациентите од МСМ секторот.

Податоците од Министерството за здравство на Филипини покажуваат дека во 2011 година, трасмисијата на ХИВ најчесто се случувала помеѓу мажите кои имаат секс со мажи.

Околу 83 проценти од новите регистрирани случаи на трансмисија на ХИВ во мај 2011-та година биле случаите на инфекции на мажи кои имаат секс со мажи.

Даниелс изјави дека  има искуство од работата со ХИВ/СИДА пациенти во суб-сахарска Африка, тогашниот “епицентар” на ХИВ-от во регионот.

Таа рече дека клучот за успех во намалување на бројот на трансмисијата на ХИВ вирусот во регионот е кампањите бидат специјално погодни за младите луѓе.

“Клучот за успех во суб-сахарска Африка беше да се одговори на проблемот на мултисекторски и сеопфатен начин, каде што го таргетиравме сексуалниот контакт помеѓу младите како најчестиот начин на пренесување на ХИВ”, вели таа.