Мишел Обама како трансродово лице

Мишел Обама како трансродово лице

Во петиот број на магазинот Кенди кој покрива на трансродови теми, издавачот Луис Венегас побара инспирација во Белата куќа и на насловната страна објави слика на трансродовиот модел Кони Флеминг во улога на Мишел Обама.

 

Фотографиите насловени “The Candydate”, изработени од страна на Дениел Левит и со стајлинг на Бред Горески, ја претставуваат Флеминг како двојник на првата дама во нејзината типична облека Во една од фотографиите, Фелминг носи бисери и нејзината лева рака е поставена врз Библијата, а во друга, таа држи американско знаме и носи Флотус накит сличен со оној кој го носи првата дама.

 

Венегас изјави на Дејзд Диџитал дека бил инспириран од идејата дека црна трансексуалка еден ден би можела да биде претседателка на Соединетите Американски Држави:

 

„Особено ми се допаѓа сторијата од насловната страница која за првпат вклучува личност која не претставува суперѕвезда, туку чудесна и прекрасна црна транс жена во улога на политичарка која има големи сличности со Мишел Обама. Се сеќавам кога во 2007-та кандидатите на Демократската партија се сведоа на два „контроверзни“ стеротипа кои дотогаш не биле видени во улога на кандидати за претседателската позиција: црниот маж Барак Обама и жената Хилари Клинтон. Во тоа време си мислев; „Кога ќе дојде времето кога ќе се срушат архаичните ѕидови и Белата куќа ќе биде окупирана, на пример, од црна трансексуалка?“

 

Сајтот на Флемиг ја опишува како „една од највлијателните трансвеститски, дрег и трансродови уметници во Њу Јорк, но ова можеби претставува нејзиниот најбитен ангажман.