Лондон: Хомофобијата смрди!

Homofobija-london

Лондон: Хомофобијата смрди!

Минатиот викенд, десетици илјади учесници кои вееја знамиња со боите на виножитото на улиците на централен Лондон го претворија годишниот Марш на гордоста во една масовна улична забава.

Синдикалци, активисти и разнобојно облечени луѓе ги следеа фестивалските автобуси и камиони, со што се одбележи најголемата годишна прослава на лезбејкската, геј, бисексуалната и транссексуалната (ЛГБТ) заедница.

Homofobija-london

Годинешниот лондонски Марш на гордоста за првпат помина низ улицата Регент и Вајтхол, а крајната дестинација беше Трафалгар сквер, каде што прославата беше проследена со концерти, а беа присутни и штандови со храна и информативни материјали за кампањата.

Масивен синдикален контингент, спонзориран од страна на TUC (Конгресот на синдикати), маршираше зад транспарентите на кои пишуваше „Сакајте ја музиката – мразете ја хомофобијата“, а активистите делеа лижавчиња со слоганот “Хомофобијата смрди.”

Полицијата и брзата помош привлекоа дел од најголемите овации од илјадниците случајни минувачи кои излегоа на улиците за ја видат парадата.