Насилиници ја нападаа промоцијата на косовски магазин посветен на ЛГБТ теми

Насилиници ја нападаа промоцијата на косовски магазин посветен на ЛГБТ теми

Минатиот петок во Приштина, насилници ги нападнаа присутните на промоцијата на косовски магазин чије последно издание беше посветено на ЛГБТ теми. Според неофицијални информации, насилниците ги тепале гостите и фрлале солзавец.

 

Промоцијата на магазинот Косово 2.0 која се одржувала минатиот петок (14-ти декември) двапати била мета на напади на група на хулигани. „Имаше околу дваесет насилни лица, а некои од нив носеа капи на нивните глави“ – изјави една од гостинките на настанот за Алеанка ЛГБТ и Про ЛГБТ. „Тие почна да ги удираат и гласно да ги навредуваат присутните, да кршат светла, маси и проектори. Се се случи пред очите на двајца полицајци кои се обидуваа да ги заштитат учесниците на настанот. Еден од полицајците беше испрскан со солзавец од страна на еден од хулиганите“.

 

Меѓутоа, организаторите не го прекинале одржувањето на настанот на кој присуствувала и Лепа Младјеновиќ, една од првите лезбејки во Србија кои јавно ја соопштиле својата сексуална ориентација. Со нејзината партнерка, Игбале Ругова, вечерта требале да одржат своја презентација на настанот.

 

Еден од сведоците на настанот изјавил дека двете гостиники ги охрабриле присутните солидарно да им се спротистават на напаѓачите. „Тоа беше многу емотивно и мотивирачки, иако агресијата доаѓаше од лица кои тредеа дека се таму во името на Бог. Јас сум муслиман, но знам дека она што се случи не беше во Божјо име“.

 

Според Косово Њуз, минатиот четврток и петок магазинот добивал закани од страна на група на исламски фундаменталисти наречена „Лумпи“.

 

Алеанка ЛГБТ и Про ЛГБТ го повикуваат премиерот Хашим Тачи да се заложи за „слободата на говорот, правото на идентитет, правото на мирно собирање и слободата на информирање“.

 

Во заедничка изјава групите за геј права соопштија; „Бараме од меѓународната заедница да не остане пасивна во оваа ситуација на средовековни, фундаменталистички и апсурдни случувања, туку јавно и активно да ги подржат заштитниците на човековите права“.

 

Од претседателката на Косово, Атифете Јахјага, тие побараа да не заборави дека таа како жена има должност да ги заштити правата на жените, ЛГБТ лицата и, генерално, човековите права.

 

Видео снимка од инцидентот http://www.youtube.com/watch?v=VGgISdKxZaU