Бан Ки Мун ги осуди анти-геј законите

Бан Ки Мун ги осуди анти-геј законите

Генаралниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, рече дека е бесен на фактот што седумдесет и шест земји во светот се уште ја криминализираат хомосексуланоста.

 

Завчера во својот говор во седиштето на ОН, тој изјави:

 

„Срамно е тоа што во нашиот современ свет толку голем број на земји продолжуваат да ги гонат луѓето само поради тоа што сакаат лице од истиот пол. Во повеќето случаи, овие закони се наследени од поранешните колонијални сили. Но, овие закони мора да се сменат“.

 

Тој посочи одредени земји како Украина каде што се предложени нови закони со кои ќе се криминализираат јавните дискусии за хомосексуалноста „со што средбите на кои се зборува за хомосексуалноста, каква што е оваа, ќе станат нелегални во оваа земја“.

 

„Јас ги осудувам ваквите типови на мерки без разлика каде се усвоени. Тие ги загрозуваат основните права, предизвикуваат стигма и водат кон поголема злоупотреба“ – рече тој.

 

Тој исто така зборуваше и за Малави, каде што годинава не беа усвоени преложените анти-геј закони, но потоа повторно беа воведени во процедура. Сега под новото лидерство на нејзината екселенција Џојс Банда, Малави спрема нови промени на законот. Се надевам дека граѓаните на Малави ќе ја искористат оваа можност да свртат нова страница“ – рече Бан Ки Мун.

 

Тој се обрати до сите национални лидери кои се повикуваат на нетолератното јавно мислење како причина да не ги променат анти-геј законите.

 

„Разбирам дека е тешко да му се спротиставите на јавното мислење. Но, само затоа што мнозинстовото отфрла одредени индивидуи, тоа не значи дека државата смее да им ги одземе нивните основни права“ – рече тој.

 

„Демократијата претставува повеќе од владеење на мнозинството. Таа ја вклучува одбраната на ранливите малцинства од насилните мнозинства. Таа се стреми кон разноличност. Владите имаат должност да се борат против предрасудите, а не да ги промовираат“.