Насилно прекинат Сплитскиот прајд

Насилно прекинат Сплитскиот прајд

Сплит, 11 јуни 2011 – Насилници и екстремисти кои фрлаа камења, петарди, јајца и шишиња, успеаа да го прекинат првиот геј прајд кој требаше да се одржи во пристанишниот град Сплит, во јужна Хрватска.

Речиси 300 лица присуствуваа на парадата. Но, тие беа соочени со околу 10.000 демонстранти.

Проблемот се појави само дваесет и четири часа откако Европската унија објави дека Хрватска ќе биде во можност да влезе во ЕУ во 2013 година  и дека хрватската влада е обврзана да ги штити човековите права.

Државната телевизија извести дека вчера вечерта биле уапсени околу „десетина“ лица, а  пријавени биле и „неколку“ повредени лица.

Во изјавата на портпаролот на полицијата во Сплит се вели дека се уапсени околу триста лица, а 81-но лице е обвинето за нарушување на јавниот ред.

Според официјалните соопштенија, пет лица биле хоспитализирани во раните утрински часови. Меѓу оние кои се повредени се наоѓаат и неколку новинари.

Учесниците на маршот беа придружувани од неколку стотици полицајци. Но, тие, како и припадниците на специјалната полиција ни со распрскувањато на солзавец не можеа да сторат многу за да се спречат инцидентите.

Инцидентите во Сплит се случија кратко време по посетата на папата на Хрватска. Дел од темата на посетата на папата беше поддршка на католичко семејство. Неколку хрватски бискупи го осудија она што тие го нарекуваат “неприродни семејства”.

Сања Јурас активист од геј здружението Контра за “Слободна Далмација” изјави: “За жал, полицијата треба да оди на курс за тоа како да заштити една парада”.

Ројтерс јави дека имало четири новинари меѓу повредените.