06 Jun Геј прајд во Букурешт
Околу сто педесетина луѓе присуствуваа на маршот на различноста минатата сабота во Букурешт, главниот град на Романија, што преставуваше последниот настан од целонеделниот Геј Фест, посветен на промовирање на различност, слобода на изразување и ЛГБТ права, извести романската новинска агенција Медиафакс.
Учесниците развијорија знамиња и транспаренти, играа и пееја, славејќи ја различноста. Некои од машките присутни носеа разнобојни вечерни фустани и високи потпетици.
На маршот се придружија и повеќе лица од амбасадата на САД и самиот амбасадор Марк Гитенстајн, амбасадорот на Обединетото Кралство Мартин Харис, шведскиот амбасадор Андерс Бенгтцен, како и официјални лица на романскиот Совет против дискриминација и Амнести интернешнал.
Американскиот амбасадор Гитенстајн изјави дека е горд што учествувал на парадата и дека со присуството на ваков настан се покажува важната вредност на различноста која ги има доведено САД каде што е денеска во поглед на слободата и различностите. Шведскиот амбасадор Бенгтцен изјави дека е важно да се одржуваат ваквите настани на кои се застапуваат човековите права, слободата и различноста, додека официјалното лице на Амнести Интернешнал ги повика романските челници активно да ја промовираат различноста.