28 Nov „На фудбалот му треба геј херој“
Голманот на Манчестер Јунатед, Андерс Линдегард, верува дека на фудбалот му треба геј херој кој ќе го преиспита ставот на некои фудбалски фанови за кои тој верува дека се „заглавени во ера на нетолеранцијата“.
Данецот тврди дека причините кои би обесхрабриле некој играч отворено да ја соопшти својата поинаква сексуална ориентација се ноаѓаат повеќе во реакциите на навивачите, отколку кај соиграчите.
„Како фудбалер првично мислам дека моите хомосексулани колеги повеќе се загрижени од реакциите на навивачите“ – напиша дваесет и осум годшиниот Линдегард на својот блог и додаде: „Верувам дека фудбалерите нема да имааат проблем да прифатат играч кој е хомосексуалец. Хомосексуалноста во фудбалот е табу тема. Атмосферата на теренот и на трибините е тешка. Механизмите се примитивни, и често се користат класични стреотипи дека вистинскиот маж треба да биде храбар, силен и агресивен, а тоа не е имиџот кој фудбалскиот навивач го поврзува со геј лицата. Проблемот за мене е тоа што многу фудбалски навивачи се заглевени во време на нетолеранција кое не засклужува да биде споредувано со развојот на современото општество во последните декади. Додека остатокот од светот е полиберален, поцивилизиран и има помалку предрасуди, светот на фудбалот останува заглавен во минатото по прашање на толеранцијата“.
Нути еден фудбалер од врвните фудабалски лиги не се „оутирал“ по случајот на Џастин Фашану во 1990 -та и Линдегард верува дека на борбата против хомофобијата во спортот и е потребно име на фудбалска ѕвезда која би била храбра да го направи истото.