Објавено ново истражување за дисриминацијата во ЕУ

Објавено ново истражување за дисриминацијата во ЕУ

Европската Комисија го објави последното истражување во врска со дискриминацијата во ЕУ, вклучувајќи ја и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и, за прв пат, родов идентитет.

 

Четириесет и шест проценти од испитаниците кои учествувале во истражувањето во рамките на ЕУ мислат дека геј лицата, лезбејките и бисексуалците се соочени со дискриминација, во споредба со исто толкав процент на испитаниците кои мислат дека тоа се случува ретко или скоро никогаш.

 

Слично на овие резултати, околу четириесет и пет проценти од испитаниците мислат дека трансродовите лица се соочуваат со дискриминација, а околу четириесет и два проценти не се согласуваат со овој став. Меѓутоа, резултатите стануваат поразлични кога се споредуваат бројките од поединечни земји-членки на Унијата. Седумдесет и седум проценти од жителите на Кипар сметаат дека постои дискриминацијата врз ЛГБ лицата, а само шеснаесет проценти од испитаниците во Бугарија сметаат дека трансродовите лица се соочуваат со дискриминација.

 

Евробарометарот ја испитува само перцепцијата на дискримнацијата и не воспоставува фактички нивоа на дискриминација или насилство со кое се соочуваат ЛГБТ лицата во ЕУ.

 

Во целост, не била забележана особена промена во споредба со 2009-та, освен тоа што во некои земји како Шведска, Романија, Латвија, Луксембург и Полска испитаниците забележиле пониско ниво на дискриминација, доколку во Кипар, Словачка, Словенија и Белгија – повисоко.

 

Членовите на Европскиот Парламент го поздравија истражувањето.

 

Сирпа Питикенен, потпретседателката на ЛГБТ Интергруп, рече: – „ Среќна сум што гледам дека, генерално, граѓаните на ЕУ се чувствуваат покомфорно со ЛГБТ лицата. Секако постојат и позитивни и негативни промени кај одредени земји-членки, но сигурна сум дека на долги патеки Европската Унија има позитивен ефект за прифаќањето на ЛГБТ лицата“.

 

Во првата половина на 2013-та, Агенцијата за основни права на ЕУ ќе ги објави резултатите од своето истражување за прифатеноста на ЛГБТ лицата во кое ќе бидат објавени вистинските нивоа на дискриминација во ЕУ.