Велика Британија да ја укине хумантираната помош за Уганда доколку се усвои анти-геј законот

Велика Британија да ја укине хумантираната помош за Уганда доколку се усвои анти-геј законот

Британски конзервативен парламентарец побара британската влада да ги укине сите фондови наменети за Уганда доколку земјата го усвои контроверзниот анти-геј закон.

 

Мајк Фрир, геј конзервативец и советник за ЛГБТ прашања на Конзервативната партија, се одбрати до секретарот на Одделот за меѓународен развој и побара таа да преземе акција.

 

Во писмото испратено до Џастин Грининг, г-динот Фрир вели: „Како што сите знаете, владата на Уганда со засилува својот строг тон по прашањето на хомосескуалноста. Се планира да се усвојат нови закони преку кои кривично ќе се гонат припадниците на ЛГБТ заедницата во земјата. Еден од парламентарците во Уганда го опиша законот како „подарок за народот“. Мислам дека е несоодветно да ги користиме парите на британските граѓани за помагање на режим кој не само што одбива да ги почитува човековите права на малцинствата, туку и активно го охрабрува нивното гонење, вклучувајќи и физички напади“.

 

„Со задоволство чекам да чујам за плановите за повлекување на помошта намената за Уганда од страна на Одделот за меѓународен развој“ – вели Фрир.

 

По контролата спроведена од страна на парламентарен комитет, предложениот анти-геј закон во Уганда повеќе не ја содржи смртната казна како опција за казнување на хомосескуалноста.