
26 Nov Донаторски концерт во рамките на кампањата за солидарност и поддршка за лицата што живеат со ХИВ
По повод светскиот ден против СИДА, 1 декември, групата за поддршка на лицата што живеат со ХИВ во Македонија – „Заедно посилни“, која работи во состав на здружението на граѓани ХЕРА, организира Кампања за солидарност и поддршка за лицата што живеат со ХИВ.
Оваа кампања има за цел да ги поддржи напорите на луѓето со ХИВ против стигмата и дискриминацијата, бидејќи ХИВ нè засега сите нас.
Централен настан на кампањата ќе биде донаторскиот концерт на оперски арии на 1 декември 2012 год.
Концертот и кампањата се поддржани од Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, како и од Обединетите нации во Македонија. Заштитно лице на кампањата е поп-ѕвездата Каролина Гочева.