Протест пред македонската амабасада во Брисел

Протест пред македонската амабасада во Брисел

Група на белгиски организации одржа протест пред македонската и српската амбасада во Брисел со цел да го фокусираат вниманието на јавноста на прекршувањата на човековите права на ЛГБТИК лицата во овие две земји.

 

Како што се вели во сооштението за настанот: „Годинава, Белградскиот прајд беше забранет, а по овој настан во соседната земја Македонија, владата започна хомофобична кампања против правата на ЛГБТИК лицата. Говори на министри, вклучувајќи го и премиерот на земјата, и религиозните заедници во земјата ги преплавија медиумите. Ова доведе до зголемување на насилството врз ЛГБТИК лицата и каменување на штотуку отворениот центар за ЛГБТ поддршка. Поради недостигот на поддршка од страна на амбасадите во Скопје и меѓународно внимание, ЛГБТИК лицата од Балканот се оставени себе да водат битка која не можат да ја добијат“.

 

Организаторите повика на придружување на протестот пред македонската амбасада во Брисел, барајќи почитување и заштита на човековите права. Оттаму протестната поворка се упати кон српската амбасада изразувајќи поддршка за угнетените ЛГБТИК лица во Македонија и Србија.

 

Целта на акцијата беше да се создаде Европско ЛГБТИК движење на солидарност кои ќе биде формирано за време на одржувањетo на белгискиот прајд во мај следната година.