Повик за отстранување на транссексуалноста од листата на заболувања на СЗО

Повик за отстранување на транссексуалноста од листата на заболувања на СЗО

Непосредно пред Меморијалниот ден на трансродовоста (20-ти ноември), илјадници лица ја потпишаа петицијата со која се бара отстранување на транссексуалноста од листата на ментални заболувања на Светската здравствена организација (СЗО). Петицијата започната од транссескаулката Мишел Дајмонд, се појави во период кога СЗО прави ревизија на единаесетото издание на „Интернационалната класификација на болестите“.

 

„Не сум болна, јас сум транссексуалец“ – вели Дајмонд.

 

„Моето детство беше особено тешко, беше особено шететно што постојано ми велеа дека нешто не е во ред со мене, дека сум болна. Светската Здравствена Организација е агенција на Обединетите Нации, што ја прави нејзината дискриминација е особено тешка за поднесување. Луѓето забораваат дека според СЗО, хомосексуалноста претставуваше ментално заболување до 1990-та. Никој повеќе не може да го тврди тоа“ – вели таа.

 

Австралијанската кампања веќе собра шест илјади потписи, а на светско ниво петицијата за отстранување на трансексуалноста од листата на пореметувања ја попишале шеесет и четири илјади лица.

 

Глобалното движење беше започнато од страна на учесничката на канадскиот избор за Мис Универзум, трансескуалката Џена Талачкова и оттогаш веќе седум различни земји се приклучија на кампањата.

 

Петицијата се појави во време во кое локалните експерти за ментално здравје го потенцираа зголемувањето на бројот на „аутирани“ трансродови луѓе изразувајќи загрижување за појава на криза во менталното здравје.

 

Линк до петицијата http://www.change.org/petitions/world-health-organisation-stop-classing-transsexualism-as-a-mental-illness#share